Егоизам и нешто повеќе...

Day 1,641, 14:34 Published in North Macedonia North Macedonia by FamilyAerodr0m

Расипништвото на Македонецот доаѓа до тој степен, што меѓу себе ќе се уништиме за да постигнеме нешто повеќе кое за почеток би се задоволило сопственото его, а потоа и финаски да се зајакне. Така бил ПРЦнат и нашиот херој Гоце Делчев во селото Баница предаден од МАКЕДОНЦИ кои за пари си го продале својот народ, а нивното его било задоволено итн...Исто така неединството на македонскиот народ бил и во многуте војни. Се бореле едни помеѓу други на еден ист фронт. Пример се балканските војни. Едни за Бугарија, други за грција, трети за Србија.. Предизвикано леење на македонска крв од македонци.

Моето незадоволство кон сите оние македонски ПТО-ери во Америка, Аргентина и насекаде низ еСветот го изразував на многу начини, преку порака директно до личноста како и плукање по шаути. Еве добивам прилика јавно да се извинам до сите македонци надвор од Македонија..Се извинувам згрешив. Е сега која ми беше и целта на овaa мојa статија..

Вечерта на 18ти Мај, 2012 со мерак мавав, покрај мојот прв БХ, во востанието на централна грција. Скоро цела битка бев на првото место, се додека во последните минути не добијам еден јак прц и тоа не од било кој туку од македонец.
http://i46.tinypic.com/mx0or5.jpg Неговото расипништво доаѓа до тој степен што ја губи целта која дошол да ја игра оваа игра. Како јас така и поголемиот број на нашата еНАЦИЈА беше донесена во играва преку прилогот подготвен од sarmetina
на телевизија Сител. Целта на тој прилог беше заедно да и помогнеме на МАКЕДОНИЈА во борбата против непријателот, а не да се јадеме едни помеѓу други..Сепак мислам дека тоа ни е во генот, кој се развлекувал низ годините, затоа никогаш нема ниту да бидеме обединиети. Едни се нарекуваат фиромјани, сами се плукаат, како што беше пред извесен период со една македонска позната личност, други работат против интересот на Македонија..

Мислам дека бев доволно јасен, од овој ден па натаму Македонија загуби еден војник. Војник кој можеби сам по себе не вреди многу но е едно конче во тој јазол кој полека но сигурно се одплетува. Веќе следниот месец ќе имам доволно базуки кои ќе ми помогнат заслужено да го добијам медалот на кој веќе подолго време му имам пуштено око. Дали ќе биде на страната на Замбија или Нигерија нема да биде важно. И уште 1000 статии на Voix, 1000 статии на д-р El Che G, нема да бидат доволни, македончето ќе биде непроменето. Неможе нешто да се промени што ни е во генот. Ми беше чест да се борам за Македонија.



-Во случај да мислите дека дечкото не е Mакедонец - http://i49.tinypic.com/34spesx.jpg


-Битката ја губевме, 52 проценти беше во корист за грција. Неможе во последните минути да мавне 1.4м и да сврти 3 проценти. Размислете со ладни глави пред било што да коментирате.