Ambient on/off

Sign up

 

Continue

Continue By creating an account you agree to the Terms of Service & Privacy Policy
Resend email   |  Can't find the email? confirmation@erepublik.com

Resend the confirmation email to this address

Resend email Can't find the email? confirmation@erepublik.com

Историско-Географски граници на античка Македонија

Day 1,638, 05:15 by toAdMAK

Според географските карактеристики, античка Македонија го опфаќала североисточниот дел од Балканскиот Полуостров; античките автори ја опишуваат како планинска земја со голем број реки, богати полиња, шуми, езера и рудни богатства. Скоро сите македонски реки (Вардар, Струма) се влеваат во Егејското Море. По долините на реките има голем број езера: Болбе, Лудија, Костурско Езеро, Мало и Големо Преспанско Езеро и Лихнидско Езеро. Плодните полиња овозможувале развој на земјоделството, градинарството и лозарството; надалеку биле познати смоквите, лозјата и маслинките. Богатството од густи шуми на Македонија овозможувало да стане главен извозник на најквалитетно дрво и смола за изградба на кораби на Медитеранот. Рудните богатства придонесувале за брзо економско јакнење на државата; наоѓалишта на злато и сребро имало источно од Аксиос, во близина на Стримон на планината Пангеј, кај езерото Прасијада и кај местото Датон. Сето ова овозможувало Македонија да стекне стопанска независност. Географската, етничката и јазичната граница помеѓу македонската и хеленската територија на југ ја исцртувале планината Олимп, реката Пенеј (Пенеијос, Пенча) и брегот на Егејското Море; на југозапад границата се движела до планината Пинд – тромеѓа помеѓу Македонија, Епир и Тесалија; западната граница продолжувала по планините од Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат), с¢ до планината Скард (Шар Планина) – тромеѓа меѓу Македонија, Илирија и Дарданија; северната граница се спуштала по падините на планината Јакупица, поминувала меѓу денешните градови Скопје и Велес и по реката Пчиња излегувала на Осоговските Планини, с¢ до планината Рила; на исток границата одела од планината Пирин до устието на реката Нест (ден. Места) во Егејското Море.
Јадрото на македонската држава од каде се ширеле државните граници, според Херодот, била областа Лудија (помеѓу реките Лудија и Аксиј). Античките автори приморска Македонија ја нарекуваат Долна Македонија, а внатрешниот планински дел – Горна Македонија. Долна Македонија го опфаќала централниот дел на Македонија и се простирала меѓу реките Халијакмон (Бистрица) и Аксиј (Вардар), како и по долните текови на Стримон и Нест, со областите: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Анатемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Едонида и Еордаја. Горна Македонија го опфаќала внатрешниот дел, претежно планински предели со областите: Тимфаја, Параваја, Елимеја, Дасаретида, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика. Македонските владетели ги споиле овие области во единствена македонска држава.
Оваа поделба ги претставува географско-етничките и историските содржини на територијата на античка Македонија, но воедно ја претставува и политичката граница на античката македонска држава. Кај античките автори, историографи, географи, логографи, биографи, со векови се посочува на овие географско-топографски и историскоетнич ки определби, кои стануваат дел од античката држава Македонија.

Шеснаесет-зрачното сонце со кралската розета во сончевата топка - симбол
на античките Македонци и античкото Македонско кралство

┏┓
┃┃
┃┃┏┫┃┏┳━━┓┏━━┓┃┗━┳━━┳━━┳━━┓
┃┃┣┫┗┛┫┃━┫┃┏┓┃┃┏┓┃┏┓┃━━┫━━┫
┃┗┫┃┏┓┫┃━┫┃┏┓┃┃┗┛┃┗┛┣━━┣━━┃
┗━┻┻┛┗┻━━┛┗┛┗┛┗━━┻━━┻━━┻━━┛
 

Comments

FamilyAerodr0m
FamilyAerodr0m Day 1,638, 05:21

V stavi sliki

Lebarot
Lebarot Day 1,638, 23:54

o7

eMacedon
eMacedon Day 1,639, 16:00

o7

4a4arA
4a4arA Day 1,640, 03:53

VERGINA SUN o/

Tomi Jankulovski
Tomi Jankulovski Day 1,640, 07:48

sub 107
vote 28

Vojvoda Zivojin
Vojvoda Zivojin Day 1,664, 17:51

vote 35
sub 533
sub za sub http://www.erepublik.com/en/article/sub-za-sub1-2056513/1/20 hvala unapred

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.