Прво претседателско обраќање

Day 1,601, 12:16 Published in North Macedonia North Macedonia by ScymeX

Прво претседателско обраќање


Главата горе еМакедонијо – денес имавме голема победа ! Поздрав !


Поминаа два дена од моето официјално превземање на функцијата. Два тешки дена, би рекол, непријателите упорно тенкаат против нас со силен интензитет. Иако Хрватска е речиси избришана, Романија целосно избришана, и ЕДЕН губи речиси насекаде – сепак НИЕ сме главен приоритет на ЕДЕН последните два дена. Тоа неминовно се одрази на нашите региони, но и ни помогна побрзо да се организираме. Во Потпретседателскиот тим на мое големо задоволство се придружуваат и Канопи и Бибермк, луѓе со огромно МОД искуство, токму со цел да ја зајакнеме таа страна од организационен аспект.


“Дрејн” територии


Ги напуштаме териториите кои си ја извршија својата цел. Имено, одевме до Шпанија за да ја ослободиме. Тоа засега делумно е постигнато, потпишан е и договор на ненапаѓање, така што за одреден период е загарантирано слободното постоење на Шпанија. Тој период и треба на Шпанија. Пред отприлика еден месец тие имаа голем БејбиБум и им требаат слободните територии за да ги развиваат младите акаунти. Шпанија е свесна и благодарна за помошта која им ја да пруживме. Затоа и ги напуштаме шпанските и италијанските региони, од нив немаме корист.

Нам ни требаат ресурси и токму тоа мораме да го обезбедиме. А за таа цел – прва препрeка ни е токму Грција.


Грција, па Турција


Грција неизбежно ќе падне, на еден или друг начин, порано или покасно. На кондиција не можат да се мерат со нас. Ќе продолжиме да ги удираме додека не ги скршиме и додека целосно не ги поробиме - кратко и јасно. Потоа на ред е Турција.


Денес покажавме одлична организација и силна волја ! Да продолжиме така! До потполно уништување на еГрција!


Scymex