Во реалноста имаш само еден живот

Day 1,539, 05:47 Published in North Macedonia North Macedonia by klimco

За тоа дека се што е претерано не е добро за здравјето говори трагичната смрт на младиот гејмер од Тајван.

Повеќето од оние кои ги играат MMO игрите, ни се познати како најголеми фанатици во светот на гејмингот. Поради тоа опсесивно играње на видео игри многу често сигурно сте слушнале дека довело до семејни кавги, губење на работа, разводи и уште многу слични непријатни нешта кои се предизвикани од играње на World of Warcraft и слични MMORPG игри.



Последниот случај во низата на тие непријатни моменти поврзани со MMO гејмингот е смртта на 23 годишниот Chen Rong, од Тајван кој деновиве го пронашле мртов над компјутерот во локално интернет кафе каде што играл 23 часа без прекин.

Вработените велат дека Chen, често заспивал над тастатурата по многучасовно играње и затоа тие на почетокот не обрнале посебно внимание кога виделе дека главата му била потпрена на тастатурата. Но кога му пришле забележале дека телото му е ладно и вкочането по што викнале брза помош и полиција.

Семејството на младиот гејмер изјавило дека на младиот Rong, минатата година му биле пронајдени одредени срцеви проблеми, поради кои извесно време и лежел во болница. Така што се верува дека починал од срцев удар до кој најверојатно дошло од неговата истоштеност по напорното многучасовно и претерано седење пред компјутер.


Инаку за сите фанови на MMO игрите, Chen починал додека ја играл League of Legends, а како што велат одредени очевидци, тој и по смртта цврсто го држел маусот во својата рака.

Затоа ќе се навратиме на тоа што го напишавме на почетокот на овој тест, се што е претерано не е добро.

Превземено од www.idividi.com.mk со мали измени