Републиканска Партија, Конгресменски Избори

Day 1,528, 17:12 Published in North Macedonia North Macedonia by BlackMK









Почитувани,

Сите ние бевме сведоци на највозбудливите конгресменски избори досега.
Се започна со трката за влез во Топ 5 помеѓу македонските партии.
Републиканска Партија како нова партија покажа програма и агенда а пред се амбиција за работа. Со оглед на тоа исходот беше очекуван од наша страна.
За неполна една седмица од своето постоење успеавме да влеземе во првите 5 партии по број на членови и со самото тоа да си обезбедиме место на овие Конгресменски избори.

Изборите како и секои тензични и непредвидливи со оглед на фактот дека една од претхнодните побројни партии не успеа да обзбеди место за изборите, не можеше да се предвиди како би ги распоредиле своите гласови, бидејќи нивната бројност сепак не е за потценување.

Резултатот го покажа расположението и волјата на граѓаните, а тој е следен:

ОЕМ -11конгресменски места
Републиканска партија - 10 конгресменски места
МРДЉС - 9 конгресменски места
еВМРО - 8 конгресменски места
ЗПЕМ - 7 конгресменски места


Со оглед на исходот и малата разлика помеѓу освоените конгресменски места со сигурност можеме да заклучиме дека ова беа најдемократски и најрамноправни избори во еМакедонија до сега.

Републиканската Партија како нов политички фактор во еМакедонија е решена да работи и понатаму, да ви презентираме идеи, планови и исходот од целото наше работење.
Целта ни е да ја добиеме вашата доверба за да ни се приклучите и заедно со нас да учествувате во градењето на новата ера на политиката во нашата држава.


Биди и ти дел од тимот што ќе ја гради иднината.
Биди и ти Републиканец,
Приклучи се:
http://www.erepublik.com/en/party/republikanska-partija-3652/1
Чат канал:
http://02.chat.mibbit.com/?channel=%23republikanci&server=irc.rizon.net


Ваш,
BlackMK