Видео кое ќе го наежи секој Македонец

Day 1,515, 05:54 Published in North Macedonia Serbia by Drente



На само четири дена пред почетокот на Европското ракометно првенство се загрева атмосферата кај македонските навивачи. На Youtube се појави ново видео кое само дополнително го покачува навивачкиот адреналин кај Македонците. Видеото испраќа две пораки. Првата испратена до противниците на македонските ракометари е „Македонците доаѓаат“. Втората порака македонските навивачи им ја испраќаат на нашите ракометари „Среќно момци, Македонија е со вас“.


клик на сликата за видеото!





Еве со кои 16-мина ќе го освојуваме Ниш!


ГОЛМАНИ: Петар Ангелов (Металург), Борко Ристовски (Вардар ПРО)

КРИЛА: Стевче Алушовски (Металург), Дејан Манасков (Металург), Владимир Темелков (Башараж), Златко Мојсоски (Металург).

БЕКОВИ: Бранко Ангеловски (Констанца), Филип Лазаров (Вардар ПРО), Велко Маркоски (Металург), Ацо Јоноски (Металург), Наумче Мојсоски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Кирил Лазаров (Атлетико М), Влатко Митков (Бармбах)

ПИВОТИ: Ванчо Димовски (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар ПРО)



НАПРЕД МАКЕДОНИЈО !!!