Учете Македонски јазик!

Day 1,486, 08:55 Published in North Macedonia Serbia by Tatko_ti


После подолго набљудување на нашите "писатели" и нивниот стил на пишување, дојдов до еден заклучок: Не знаете правописен Македонски!!!!

Значи, не се работи за дијалекти, тука не може ништо да се направи, но кога 50% од нашиве писатели ја користат буквата Ѓ во зборот "ГИ", тогаш навистина е алармантна ситуацијата. Пример: Оставете ѓи Џизан и др... Пример: Имаше многу кои рекоа да им ѓи дадеме, ја па викам, ај ако не цела Македонија да ја дадеме? Овде во ред е до некаде зборот Ја, баткава е Скопјанец или друго јазично подрачје што го користи овој термин, но ЃИ???

Зборот ЃИ во македонската литература не постои, не е ни србизам, ни турцизам, па дури ниту ни татаризам. Доколку овој збор го користеа само неколку помалку познати личности личности од медиумскиот простор во ред, но него го користат многу славни еМакедонски личности, па дури и нашиот ценет претседател каде ќе го забележите тоа во неговата последна статија тука.

Сфатете го ова сите како мала забелешка што во иднина ќе ви помогне во РЖ каде би ви се смееле за ова во училиште, факултет или парламент! Зборувајте и пишувајте правописно македонски!