Македонија ја победи Грција во Хаг

Day 1,476, 02:42 Published in North Macedonia North Macedonia by dimeski
Меѓународниот суд во Хаг денес ја објави пресудата, во врска со тужбата која што ја покрена Македонија против Грција во 2008 година.

- Грција го прекршила член 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008, пресуди денеска Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Претседателот на судот, Хисаши Овада соопшти дека Одлуката е донесена со 15 гласа „за“ и еден „против“.

Инаку, судот се прогласи за надлежен во врска со овој случај, со 14 гласа „за“ и два гласа „против“.

Судот не навлегува во одлуката на НАТО на самитот во Букурешт ниту во преговорите за разликите околу името што се водат во ОН, и тие две прашања, како што образложи Овада, не влијаат на надлежноста на Судот да одлучува дали е прекршен член 11 од Времената спогодба.

Судиите ги одбија грчките обвинувања дека Македонија била таа што ја прекршила Времената спогодба. Тужителот (Македонија) не ја прекршил спогодбата пред самитот во Букурешт. Тужениот (Грција) не успеа да докаже прекршување на спогодбата од страна на тужителот (Македонија), освен за користење еден симбол во 2004 година, рече Овада.

Пресудите на меѓународниот суд на правдата се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот и во огромен процент тие се испочитувани.





извор: курир.мк