* Македонски Илуминати Регрутација *

Day 1,452, 14:29 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1


Почитувани борци и граѓани на еМакедонија !!!

Паравоената единица Македонски Илуминати објавува регрутација за примање на нови членови. Во моментов сме во состојба да примиме нови 10 регрути кои треба да ги исполнуваат следниве услови:

- 2500+ strength поени
- да работат во фирмите од единицата за минималец
- да го носат нашиот аватар
- да бидат редовни на чатот



Малце повеќе детали за паравоената единица:

Македонски Илуминати не е единица формирана денес или вчера, Македонски Илуминати е единица формирана пред 1 година и одлично опстојува до ден денешен и со неколку мини регрутации се екипира со доста квалитетен кадар и за таа скоро 1 година направи одлична основа за напредок на секој што би сакал да се приклучи и да просперира..



Околу рефундот:

Значи рефундот се состои од 2 основни работи:

- Работење во наша фирма за минималец
- Активност на чат


Со самото влагање во единицата, вие се вработувате во нашата фирма и работите за минималец со тоа што работите во нашите фирми и добивате симболични 5 тенка.. Во текот на денот имаме 2 организирани мавања каде што треба да бидете активни на нашиот приватен канал и од каде што се добива наредба каде да се пука и од каде што се добиваат бонус тенкови.. Значи негде дневен рефунд би изнесувал околу 17-18 тенка..


Како да се пријавам и да бидам дел од Македонски Илуминати:

Одговорот на ова прашање е многу просто.. Се што треба да направите е да пратите ингаме порака на DarkoDimovski1 или пак да дојдете на нашиот public канал #illuminati.public !


Затоа би сакал да апелирам до сите заинтересирани да не чекаат и да се пријават, час поскоро тие ќе станат дел од организираната воена моќ на Македонија, Моќ што ја влече Македонија низ овие месеци на самостојност кон врвот на светот !



..:: Si vis pacem, para bellum ::..
* Macedonian Illuminati *



За крај би ве замолил за шаут:

*Македонски Илуминати Регрутација*
http://tinyurl.com/d69y8de