ПОЗДРАВ ДО СИТЕ СОБОРЦИ

Day 1,387, 00:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Komandant Baci

Здраво на сите. Релативно сум нов во играва ја играм околу два месеци и да ви кажам право некако не се снаоѓам баш најдобро. Секој ден сакам да се откажам, но си викам ај можеби ќе стане подобро. Целото мое дејство се сведува на одржување на мојот имот и трошење на храната во некоја борба. На почетокот некако брзо постигнував нови нивоа на искуство и повисоки воени рангови но сега ми требаат повеќе денови за да го остварам тоа. Со самото тоа имам помал приход на злато и поспор развој. Од достигнувањата досега имам освоено два пати HARD WORKER и три пати SUPER SOLDIER. Останатите достигнувања се некако недостижни за почетниците па затоа решив да пробам да го освојам трофејот MEDIA MOGUL. Бидејќи не знам што може да содржи мојот весник решив тоа да биде нешто за што имам некакво познавање, а тоа е КУЛИНАРСТВОТО.
Во следниот број ќе почнам со пишување на рецепти за некои основни јадења кои ќе може да ги зготват дури борци што никогаш не влегле во кујна.
Ќе ве замолам за поддршка и за претплата на мојот весник.

п.с. Кажете им на вашите пријатели. Пари и ресурси немам за делење, ама едно ГОЛЕМО фала и претплата на вашиот весник се подразбира.