До кога вака!?

Day 1,341, 10:16 Published in North Macedonia North Macedonia by KralMakedonski

По денешните случувања не можев да останам рамнодушен,па се решив да напишам една статија,која се надевам,сите ке ја прочитате!

Денешните случувања...уфф,испреплетени како секогаш.Прво малце ке коментирам за вчерашните случувања,и со 'скандалот' со mac3donia.Како што сите знаете тој подели државјанства на хрвати,бугари,грци.Зошто?Само затоа што Кракеп4е му згрешил?За тоа нема оправдување,и имаше разменено разни грди зборови.Знам дека направеното никој не го смета за оправдано,но тоа што најмногу ме изненади,е ИСКРЕНОСТА!.Човекот си ја призна грешката,и од моја,а се надевам и од страна на другите,извинувањето е прифатено!

Но,што се случи денес?Погледнте ја сликата подолу,па ке ви стане јасно!

Точно е,нашиот "драг" сограганин ДигиТрол маваше за грците?Зошто?Само затоа државата не му давала рефунд на неговата единица?Аман бе,за еден рефунд ли си?И други единици не земаат рефунд од државата,ама не маваат против Македонија!

Потсете се малце до каде стигна Александар!Тој ја прошири својата империја дури до Индија!Сето тоа се случи само поради организираноста,а зашто пропадна?Заради неорганизираност!
-Истото што му се случи на Александар,може да се случи и на нас,без разлика што во последно време станавме еСила!

Мој предлог сега до сите е:Одлогирајте,излезете надвор,поминете го останатиот дел од денот со друштвото,со саканите.И утре со свежи глави,дојдете и извинете се за стореното!(ОВА НЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ)

Сега треба да бидеме обединети,повеке од било кога!
Поздрав Македонци,и останете ми со здравје! 😉


Ваш:КралМакедонски