[Министерство за Образование] Туторијал За Почетници

Day 1,334, 05:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie




Добредојдовте во Новиот Свет!

Се надевам дека овој Туториал ќе ви помогне да се снајдете во почетокот на оваа игра 🙂



По кликањето на ова копче



и „отпечатувањето“ на вашиот „пасош“ ви се појави ова:



По кликањето на "Start playing" вие започнувате со играње. Од левата страна ви се појави првата мисија.






Кликнете на неа.




Вашата мисија е да имате три фарми со жито и фабрика за леб (лебара/пекара). Можете да ја извршите мисијата со кликање на Land.






Ова е вашето земјиште. Тука се наоѓаат сите ваши фирми, вашето работно место и вашето место за тренирање, магацинот со вашите работи... Од самата игра како награда ви следуваат три житари и една лебара, за полесен почеток. Само треба да кликнете на Restore и вашите фирми ќе станат функционални. по завршувањето на тоа, можете да си сработите во нив, со кликаше на „чеканчето“ над нив. По кликањето на „чеканчето“, ви се појави ова:






Треба само да кликнете Collect, и работењето во таа фирма е завршено. Секогаш првен сработувајте во raw фирмите (за оружје или за храна), а потоа во фабриките. До тука отприлика би требало да дојдете до второто ниво. На секое ниво се добива 1 злато. Златото не го трошете на глупости (читај: хелт пак 🙂 ). Златото е најважното нешто во играта. Многу играчи даваат вистински пари за да дојдат до злато. Освен на секој левел, злато добивате и како награда за земање медал (achivment).
Mожете да ја завршите мисијата:







Следно е да се вработите. Тоа може да го направите преку вашето земјиште:





или преку Community - Job Market.





Ви се појави голема листа со работни места. За ваш најголем ќар најдобро е да се вработите за најголемата понуда. Само кликнете на Apply. Потоа во вашето земјиште се појави нова структура, т.е. вашето работно место.Гледајте секој ден да работите, највеќе заради медалот Hard Worker, од кој се добива 5 голд.





Следно во вашиот ден, треба да биде тренирањето. Со тренирање заработувате сила (strenght) која е многу важна при борењето. (повеќе сила, повеќе придонес (influence) ).



За тренирање има 3 згради : Climbing Center, Shooting Range и Special Forces center.

Овие згради можеш да ги купиш само еднаш и нема да можеш да ги уништиш (dissolve).

Climbing Center дава 2.5 поени за сила. Чини 100 денари изградбата на зградата. Нема потреба од слободно земјиште. Тренирањето со оваа зграда чини 0.19 GOLD.

Shooting Range дава 5 поени за сила. Изградбата чини 200 денари.Нема потреба од слободно земјиште, тренирањето со оваа зграда чини 1.49 златници.

Special Forces center дава 10 поени за сила. Изградбата чини 300 денари. Нема потреба од слободно земјиште, тренирањето со оваа зграда чини 1.79 златници.

Максимална сила (Strength) што може да се добие е 25 сила.
Со тоа што за користење на сите 3 згради за трите бустери потребни се 3.47 GOLD дневно.




На сликите подолу, накратко e прикажано како работат постовите.







(постовите и другите делови од почетната страна се објаснети во: http://www.erepublik.com/en/article/-1-1774661/1/20)







Следната мисија е да имате оружје во вашиот магацин. Тоа може да го сторите преку кликање на Marketplace, или преку Market - Marketplace.




Одберете Weapons,



Потоа единственото отклучено оружје од почетокот.
Може да впишете колку оружја да купите преку еден клик во жолтото квадратче, и потоа кликата на Buy





Потоа можете да ја завршите мисијата.



До тука би требало да сте веќе трето ниво.



Следната мисија е да поразите 5 непријатели.

Тоа ќе го направите преку кликање на Fight копчето. Борете се додека имате лебови за да се излечите.

При накачување на ранк, добивате награда.

По завршување на мисијата може да продолжите натаму.

Следна мисија ви е да поставите аватар.

Може да ја завршите мисијата.

За следната мисија, Working Days, треба да работите 5 дена во ред.


Се надевам дека овој краток туторијал ви помогна во вашиот почеток 😉








Други важни туторијали:
















Министри за Образование:
ColdWater,
MAJMUN102 и
МKDHero

Заменици:
atanasmk16 и
MKDForeverrr