Запознај си ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Day 1,312, 13:53 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1
Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален “рудник” на еколошки чиста енергија. Од 2004 год. рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежа за заштита на природни реткости.

- Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.
Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.


- Најскапата колекција монети која е продадена е од Македонија и тоа колекцијата пеонски монети кои биле украдени од Македонија, а продадени на аукција во големата “Сотби” аукциска куќа.

- Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот со14 морфиски единици. Втор по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а колумбискиот со околу 3, 5.

- Најславниот од сите римски патишта во најголемиот дел врви низ Македонија, патот – “ВИА ИГНАЦИЈА”.

- Пештерата Пешна во Македонски Брод во “Њујорк тајмс” е опишана како идентична на измислените пештери во филмот “Господарот на прстените”.

- Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” (Кичевско) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица, Дебарско.

- Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот “Гркот Зорба” живеел во Скопје имал жена и деца, а во 1942 починал тука.

- Освен Мајка Тереза познати лица родени во Македонија е и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Битола.

- За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.

- Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан на кирилица во селото Равен Охридско, а во Охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век.

- Најстарото дрво во Македонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот, расте од времето на Св.Климент Охридски во 9 век.

- Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напишал песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објавил во весникот “Нова Македонија” и денес истата е химна на Арапскиот свет.

- Во манастирот “Св. Ѓорѓија Победоносец” се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко.

- Првиот светски златен медал на македонски фотографи – Браќата Манаки во 1905 год. во Битола отвараат ново “Студио за уметничка фотографија” и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година, каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

- Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 – 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај Неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.

- Прва зоолошка градина на Балканот е во Скопје.

- 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години.

- Еден од преживеаните од бродот Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора.

- Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот. Останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

- Македонија има 34 планини, 53 природни и вештачки езера, најстарото во Европа – Охридското езеро е и најдлабоко на Балканот. Старо е 4 милиони години во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност.

- Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.

- Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-51😎 е најзаслужен за градбите во Македонија – Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н се од Јустинијан I.

- Првата црква, првата покрстена во Европа – Македонката Лидија.
50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во “Дела апостолски 16.13 – ” пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид : стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше : Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни !
Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид, со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.

- Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот


- Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т.е пред првата ледена епоха.
Во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија, кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост.

- Првите карпести гравири создадени во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле – Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја....





Кој сака да мавне шаут:

http://tinyurl.com/6cbzx2g
Запознај си ја татковината за да ја сакаш повеќе!