Пријавување за конгрес

Day 1,304, 01:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Kira Justice

Гласајте за мене и ќе ја средам економијата рече Грујо и ми го даде факелот.

Сега навистина зошто да гласате за мене.

Многу во играва не ме знаат а играва ја играм од 11.11.2010 а не сум се кандидирал за ништо затоа што оставав место на поискусните, на тие што ја играле играва уште пред да биде Македонија додадена или на тие што се покажаа во добро светло пред јавноста со пишувањето на добри статии во кои имаше се што треба да има.
Мислам дека заслужувам да влезам во конгрес и да ја почувствувам таа атмостфера поготово сега кога Македонија има многу региони.

Не сум тип кој што сака подмитување и ако мислите дека ќе дадам нешто за глас тогаш се лажете. Сакам фер избори ако влезам ок ако не ништо страшно има и следен пат.

Ако мислите дека заслужувам да бидам дел од конгресот тогаш гласајте за мене.
Народот одлучува.