Фирма со вработени-дали имате профит?

Day 1,298, 07:51 Published in North Macedonia North Macedonia by ProbPLayer

Да се има фирма со вработени во еРепублик не е така лесно. Добро е што не можете да влезете во минус, инаку многу неискусни еРепубликанци целосно ќе банкротираа 🙂. Затоа јас се потрудив да претставам што се влијае на профитот од компанијата.

Еве еден начин на пресметување на профитот на вашата фирма со вработени:


чекор 3: профит = вредност од продажбата - сума на сите плати - данок на производ(VAT)
чекор 2: вредност од продажбата = производство на секој вработен X цена на производот(понуда)
чекор 1: производство на еден вработен = (1+Б) x М / Ц (легенда: Б=Бонус од ресурси,М=модификатор на бизнисот(види подолу),Ц=ставаш 1 за food companies/raw material companies или ставаш 10 за weapon companies)


Провери каква компанија поседуваш за да знаеш кој модификатор се однесува на твојата компанија:
M за Food/Weapon = 100 ->само овој модификатор се употребува за компании што произведуваат храна и оружје
M за Grain/Iron = 30 ->сите модификатори почнувајќи од овај па надолу се за компании што произведуваат raw material,било за храна или оружје
M за Fruit/Oil = 70
M за Fish/Aluminium = 125
M за Cattle/Saltpeter = 175
M за Deer/Rubber = 250
(превземено од википедија)

пример: Имате компанија за food raw material(без разлика на нивото на квалитетот) и имате еден вработен со плата од 3 МКД(веќе не е важно кое ниво се вработените, сите исто произведуваат). Вашата земја поседува региони со три различни ресурси за храна, па затоа поседува и 60% бонус од ресурси(Б=0.6).
чекор 1: производство на еден вработен = (1+0.6) x 30 / 1 = 48 парчиња food raw material
објаснување: 0.6 = Б, 30 = M, 1 = Ц
(некогаш може да ви дојде децимален број.тогаш заокружете го резултатот на поголемиот цел број,пример:15.3=16)
чекор 2: вредност од продажбата = 48 x 0.13 МКД - 0% = 6.24 МКД
објаснување: 0.13 е понудата што сте ја одбрале на пазар(0.13 МКД=1 парче food raw material).А 0% претставува данокот на производ(VAT). Во нашата држава нема данок на food raw material, производот што го продававме во овој пример, затоа е 0%.
чекор 3: профит = 6.24 МКД - 3 МКД x 1= 3.24 МКД
објаснување: ја помноживме платата на вработениот со еден чисто колку да се види како би пресметале ако имавте повеќе вработени со иста плата. Само ќе ја заменевте единицата со бројката на вработени.

Aко сакате да го знаете профитот процентуално(тоа ќе ви биде од корист како подруга перспектива на вредноста на профитот), тогаш тоа оди вака:
чекор 4: (3.24 МКДx100) / 6.24 МКД = 51.9%.
објаснување: го множите профитот со 100 и тоа го делите со вредноста од продажбата. Тоа ви е профитот изразен во процент од вредноста од продажбата.

Секако, сево ова е прилично нереално(ретко кога ќе имате профит од 51.9😵, бидејќи е само пример. Сепак, процесот е добро да се знае бидејќи е применлив на кој било производ, со колку било вработени, и кој било тип на компанија. Само заменете ги вредностите што сте ги одбрале(плата, тип на компанија, бонус од ресурси, и цена на производ). Еве еден "понормален" пример 🙂.

пример 2: Имате компанија за продавање оружје(без разлика на нивото на квалитетот) и имате 3 вработени со плата од 65 МКД(веќе не е важно кое ниво се вработените, сите исто произведуваат). Вашата земја поседува региони со еден ресурс за оружје, па затоа поседува и 20% бонус од ресурси(Б=0.2)
чекор 1: производство на еден вработен = (1 + 0.2) x 100 / 10 = 12 парчиња food raw material
објаснување: 0.2 = Б, 100 = M, 10 = Ц
(некогаш може да ви дојде децимален број.тогаш заокружете го резултатот на поголемиот цел број,пример:15.3=16)
чекор 2: вредност од продажбата = 12 x 3 x 5.13 МКД - 5% = 175.44 МКД
објаснување: 5.13 = понудата што сте ја одбрале на пазар(5.13 МКД=1 парче оружје),3 = бројот на вработени, 5% претставува данок на производ(VAT) на оружје. VAT можете да го проверите на страницата од државата(Community->Country Administration->Economy). VAT се пресметува вака(за да го имате во МКД, па да можите да ја пресметате вредноста од продажбата):
чекор 2.а: 184.68 x 5 / 100 = 9.23 MKД
објаснување: вредноста од продажбата ја множите со процентот на VAT(5😵, и тоа го делите со 100. Резултатот е VAT изразен во МКД.
чекор 3: профит = 175.44 МКД - 45 МКД x 3 = 40.44 МКД
објаснување: 3 = бројката на вработени


И еве, за оние упорните што прочитаа до тука, ќе ви дадам уште еден бонус чекор! 🙂 Овај чекор ви дава можност да ги утврдите платите врз основа на веќе поставен процент на профит. Малку е покомплициран од претходните чекори, но еве.
Ако сакате да имате Ф% профит, тоа значи ќе треба да ги наместите цената и платата да го создадат тој профит. Еве како:
чекор 5: П = (Ф - 100) x B / 100
објаснување: П=Плата изразена во МКД, В=Вредност од продажбата од еден вработен(исто така во МКД), Ф= процентот профит што сакате да го имате. Овде се гледа дека ја пресметуваме платата. Така да, треба прво да ја одредиме В, за да можиме да ја најдиме платата што треба да ја даваме за да правиме Ф% профит.
чекор 5.а: В = Е x Цн
објаснување: Е= производство на еден вработен, Цн= цената на производот(понудата што сме ја одбрале на маркетот).
Секако, некои можеби забележаа дека е сосема возможно и обратното: да ја одредиме однапред платата(П), а да ја пресметаме вредноста(В), а со тоа и цената што треба да ја има производот за да се вклопува со процентот на профит што сме си го одредиле.
чекор 5.b: В = (100 x П)/(Ф - 100)


За оние што имаат компании за производство на храна и оружје: вие исто така треба да внимавате на количината на raw materials, бидејќи ако немате доволно, работникот ќе си ја земе целосната плата, а нема да произведе колку што е потребно за да имате профит, и така ќе сте во загуба. А бидејќи не знаете кога работникот ќе работи, треба секогаш да имате доволно количина raw material. Пресметките за тоа колку raw materials ви требаат одат вака:
за храна: R = Q
за оружје: R = 10 x Q
објаснување: R = raw material потребен за една единица производ, Q = квалитетот на компанијата. Ова што го гледаме тука кажува дека за компаниите за храна, за единица храна(1 леб на нашки) се потребни Q единици food raw material. Од тука станува очигледно дека за компаниите за оружје, за едно оружје потребни се 10 x Q единици weapon raw material. Практичен пример: Имате компанија за храна со квалитет Q2(Q=2), што значи за да произведите една единица храна со квалитет Q2 вие треба да одделите две единици food raw material.

За оние кои што се прашуваат каде се вклучува Income tax: тоа не го плаќа работодавецот(работодавецот плаќа VAT), Income tax е данок на вработениот.

Уште едно нешто: гледајте да имате почетна сума на пари кога поставувате понуда за работа на Job Market или повикувате работници преку PM(приватни пораки), бидејќи работникот произведува, но во истиот момент и си ја зема платата, а парите од неговото производство ќе стигнат најверојатно дури другиот ден(зависи од тоа како работите).

Бидете ми со здравје!
Ако може vote,sub и shout:
Профит од фирма со вработени.
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1795395/1/20

Последно преправено на 20/06/11 21:39:17