Сакате да заработите пари со тргување во странство?

Day 1,293, 12:19 Published in North Macedonia North Macedonia by ProbPLayer

Овде само ќе ви објаснам како да пресметате дали би направиле профит со тргување во некоја странска држава(под претпоставка да имате лиценца за тргување со таа држава).
Значи, не кажувам некоја тајна, туку само начинот на претворање странски валути(бидејќи тоа добивате кога ќе продавате во странство) во нашата домашна валута(МКД), а потоа и формула со која што сами ќе можете да одлучите дали ви се исплаќа да продавате таму и таму или не.

Најпрво, треба да имате лиценца за продавање на странски пазар. За да ја добиете оваа лиценца треба да имате 20 gold. Секоја лиценца е 20 gold, и важи само за една земја.

Погледнете ја следната формула(десен клик и Open Image):

Полето Профит е разликата помеѓу вредноста што сте ја добиле на странскиот пазар за одредена количина производ и вредноста што би ја добиле на домашен пазар за истата количина производ(хипотетичката вредност). За да имате профит, очигледно е дека вредноста што сте ја добиле на странски пазар изразена во МКД треба да биде поголема од домашната вредност(што секако е изразена во МКД).

Втората равенка е начин на претворање странска валута(STR претставува која било валута) во домашна(МКД). Тоа го правиме бидејќи не можеме да ја одземиме странската вредност од хипотетичката домашна вредност без прво да ја претвориме странската валута во домашна(да не мешаме баби и жаби).
Пробајте самите да направите трансформација според некој однос најден на Monetary market. Ако не можете да направите трансформација, или премногу сте мрзи, побарајте метод на трансформација што ќе ви се чини поедноставен.

Третата равенка ги вклучува даноците што ги има поставено администрацијата на државата во која сте се решиле да продавате.

Што ни вреди оваа математика?
Од формулата гледаме дека за да имаме некаков профит од тргување во странство, треба да ги имаме во предвид валутите(нивниот однос), и даноците што владеат во странската држава.(со други зборови, даноците треба да се ниски, а нашата валута треба да биде приближно иста, иста, или пониска од странската валута(најдобро))

Да го заокружиме се ова во неколку чекори:
чекор 1: правиме истражување: во која држава ни се исплаќа да правиме некаква трговија, со тоа што ќе најдиме држава со најниски даноци и највисоки просечни цени на производот што сакаме да го продаваме(исто така ќе треба да видите да не имаме ембарго со таа држава).
чекор 2: ако цените во некоја држава и незините даноци ни се допаѓаат, тогаш одиме во Monetary market и гледаме каков е просечниот однос на нашата валута со нивната валута. Што помала е нашата валута во споредба со нивната, толку поголем профит.
чекор 3: ги вметнувате вредностите што сте ги одбрале(количина на производ, даноци, цени итн.) во горе прикажаната формула и го пресметувате профитот. Ако ви дојде вредност во минус, тогаш сте во минус...

Поздрав и бидете ми со здравје(вистинско).
ако можит vote и sub.
за шаут:
Сакате да заработите пари со тргување во странство?
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1791880/1/20

Последно преправено на 20/06/11 21:35:46