Храбриот Воин

Day 1,292, 11:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Marjan Treneski

Нема да пишувам вулгарни артикли да не бидам РЕПОРТИРАН по втор пат,ќе ве информирам за нашите "јунаци".Па еве нешто посебно од мене се надевам ќе ви се допадне за да стиснете еден subscribe...


Еден војник откако дознал дека завршила војната и дека е слободен да си оди дома решил да им се јавил на своите родители по телефон.

- Мајко, татко, се враќам дома ! Но, пред тоа морам да ве замолам за една услуга. Имам еден пријател со кого сакам да дојдам.

- Сине, слободно донеси го твојот пријател, одговориле родителите радосни што после толку време ќе го видат својот син.
- Слободно донеси го твојот пријател, ќе ни биде мило да го запознаеме.

- Морам да ви кажам една работа пред да дојдеме дома. Тој се здоби со повреда од војната. Нагази на мина и ја изгуби едната рака и нога.
Јас би сакал да живее со нас дома, бидејќи нема каде да оди на друго место.

- Леле сине, греота. Многу ни е жал. Можеби ќе можеме да му помогнеме да најде место каде да живее.

- Не...мајко, татко , јас сакам да живее со нас !

- Сине, ти не разбираш што бараш од нас. Таква хендикепирана личност бара посебно внимание. Тоа е огромна обврска.
Ние си имаме наш живот, наши проблеми и не можеме да си дозволиме таква работа. Најдобро е да заборавиш на својот пријател.
Мислиме дека треба да дојдеш кај нас, но без твојот пријател. Не се секирај толку за него, ќе се снајде тој ...

Во тој момент на разговорот синот без поздрав ја прекинал врската. Родителите повеќе не слушнале глас од него.

После неколку дена, им се јавиле од полицијата и им кажале дека нивниот син загинал паѓајќи од зграда. Полицијата верувала дека се работи за самоубиство.

Кога отишле родителите да го идентификуваат телото, го препознале својот син.

Биле запрепастени кога виделе нешто што не знаеле. Нивниот син имал само една рака и една нога...

ПС: Биди ЈУНАК 😉