Вицови за русокоси

Day 1,288, 09:09 Published in North Macedonia North Macedonia by slavce84


Плавуша во пошта испраќа писмо. Службеникот и вели:
- Пакетот ви е претежок, треба да залепите уште една марка.
- Така ќе биде полесен?
Зошто од сите жени, плавушите имаат најубави нозе?
- Па кој нема во глава, има во нозе.
Седи плавуша во автобус, и приоѓа една баба и и вика:
- Девојко, дали сакаш да се замениме?
- Што? Јас да бидам баба?
Две плавуши разговараат:
- Си направив уште една дупка на увото!
- И како? Сега подобро слушаш?
Две плавуши си решаваат крстозбор. Едната чита:
- Женски полов орган?
- Хоризонтално или вертикално?
- Хоризонтално!
- Уста! – одговара втората.
Си биле две плавуши и едната ја прашува другата:
- Како помина на првата брачна ноќ.
- Никако мажот цела ноќ ми збореше за Перикле и Аристотел.
И ја му одговорив: Џабе збориш јас не се разбирам во фудбал.
Пратиле две кучиња и плавуша во вселената.
Им се јавуваат од Земјата и им кажуваат:
- Шарко!?
- Ав, ав!
- Притисни го црвеното копче!
И Шарко го притиснал копчето.
После некое време пак се јавиле од Земјата:
- Мурџо!?
- Ав, ав!
- Притисни го жолтото копче!
И Мурџо го притиснал жолтото копче.
Поминало уште некое време и од Замјата пак се јавиле:
- Плавушата!?
- Ав, ав!
- Не лај многу, нахрани ги кучињата и ништо не пипкај.



Се читаме утре повторно со нови вицови
П.С. Ајде и јас да пробам да фатам ММ медал, Ве молам Суб + Воут