Случувањата на сите ФРОНТОВИ + ПРЕСЕЛБА У ЛОМБАРДИЈА.

Day 1,260, 06:27 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1

Иако веќе во неколку наврати ОНЕ се покажа како силна и моќна алијанса, се случија падови и дигања на алијансата.. Сведоци бевме на еден голем пад на нашата алијанса, несогласност помеѓу членовите во неа и не почитување на наредби.. Сепак конечно после одреден период работите се средија.. Сега сите ние сложно т.е. цел ОНЕ докажавме што значи слогата,единството и пред се заедничките цели и гладот за победи.

ФРОНТОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА


За нас Македонците се иде све како подмачкано.. Го издржавме храбро ударот од 3те моќни држави и моментално се издигаме во Италија, и полека полека почнуваме да си ги враќаме нашите оригинални региони.. Истотака почнавме да ги враќаме и Италијанските региони кои претходно беа наши.. се случи тоа што се случи, сега време е за освета.. Ве молам тоа што го правевте до сега, продолжете да го правите.. Продолжете со тоа темпо да ги слушате наредбите на претседателот и на нашата влада и верувајте ќе успееме во нашата цел којашто се надевам на сите нас ни е јасна(ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА).. МОМЕНТАЛНО СЕ ПРАВИ ГОЛЕМА АКЦИЈА, ВЕ МОЛАМ ТИЕ ШТО НЕ СЕ ВО ЛОМБАРДИЈА ДА СЕ ПРЕСЕЛАТ ТАМУ БИДЕЈЌИ СЕ ОЧЕКУВА ГОЛЕМ УДАР ОД БУГАРСКИТЕ ТЕНКОВИ.. ОБРАТЕТЕ СЕ ДО ЦРВЕНИОТ КРСТ ИЛИ ДО НЕКОЈ ПОЈАК ИГРАЧ АКО ИМА ДА ВИ ПРАТИ БИЛЕТ ЗА ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ДО ТАМУ.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА И ДА ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ!!!!!


ФРОНТОВИТЕ НА СРБИЈА

Моментално се водат тешки борби во Србија.. Србите денес со помош на цела алијанса и на нивните сојузници скоро успеаа да ги одбранат нивните оригинални територии.. Храбро се бореа и докажаа што значат зборовите СЛОГА, НЕСЕБИЧНОСТ и САКАЊЕ КОН СВОЈАТА ТАТКОВИНА.. Ние бевме тука да им помогнеме и тоа го сторивме на неколку пати.. голем придонес не придонесовме само ние.. сите членки на ОНЕ придонесоа помош во моментите кога им беше најпотребно на Србите.. пола и повеќе се сеќаат колку пати Србите ни помогнаа.. време беше што е во наша моќ да се стори.. да им се помогне на секој можен начин.. и нема да престане нашето пријателство само тука.. продолжуваме заедно кон нови победи.

Да живее Србија и да живеат Србите.


Фронтот на Унгарците

После тоа што се случуваше во нашата алијанска, Унгарците после успешната мисија во Романија, ги изгубија покорените региони таму.. Сепак еве ги повторно на победничките патеки.. Одиграа важна улога во алијансата, ги нападнаа Романците со што Романците мораа да се бранат во нивните оригинални региони и прекинаа да ги напаѓаат Србите.. Еве ги ја задржаа Crisana и моментално водат во битката за Банат.. Им посакуваме се најдобро и во најбрз можен рок да ја освојат Романија..

Да живее Унгарија и да живеат Унгарците.


Фронтот на Турците

Иако Турците не се во нашата алијанса сепак имаат случено МПП со повеќето држави во нашата алијанса.. Како што напоменав, се случуваат падови.. таков пад се случи и кај Турците.. Турците ги поробија атињаните, но се случија внатрешни проблеми и Турците ги изгубија поробените региони во атина и моментално се во голема криза.. Затоа време е да им помогнеме.. Во моментов се води војната за Central Anatolia каде што Турците губат со 4:1.. Кој е во можност, во согласност со нашата влада, може да мавне таму.. треба да им се помогне.. Им посакувам и на Турците што поскоро да си го вратат изгубениот регион и повторно да ја нападнат атина и да ја освојат. Среќно браќа.

Да живее Турција и да живеат Турците.


Фронтот на Полска

За мене, а сигурен сум и за повеќето од вас, Полјаците ја одиграа за нас најважната улога.. повторно ја изгласаа Франција за НЕ и ја нападнаа со тоа што ќе ја отсечат од нас и ќе ни ја тргнат од грбот.. Полјаците се покажаа како големи пријатели во моментите кога ни беше најпотребно и треба да им се даде благодарност за нивната помош.. Секогаш се тука на помош кога и да ни затребаат.. Слободно можам да ги наречам наши нови браќа.. Среќно браќа понатаму и заедно да издејствуваме уште многу победи..

Да живее Полска и да живеат Полјаците.


Фронтот на Шпанија

И Црвената Фурија како и сите нас паднаа во криза.. Моментално ги губат освоените региони во САД, и се соочуваат со напади од нив и кон нивните оригинални региони.. Добиле многу помош од нас.. ќе им помогнеме и понатаму доколку е потребно.. се надевам тоа ќе им биде лекција и ќе почнат да маваат за нас и да прават инфлуенсе.. Среќно пријатели понатаму и заедно до нови победи..


Да живеат Шпанците и да живее Шпанија.





За крај браќа Македонци да ви кажам една поучна работа.. Без разлика на својата моќ во нашите животи секогаш ќе има паѓања и дигања.. Затоа сите сложно, сите заедно со заеднички сили ќе ја пребродиме и оваа криза.. Сите заедно ќе го видиме тоа што сите сакаме да го видиме.. Ќе дојде и тоа време кога ќе им се смееме на Соседите.. СЛОЖНО, ПОЧИТУВАЈЌИ ГИ НАРЕДБИТЕ НА ВЛАДАТА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО НОВИ ПОБЕДИ..



И УШТЕ ЕДНАШ ДА НАПОМЕНАМ, СИТЕ КОИ НЕ СЕ ВО ЛОМБАРДИЈА, ПРЕСЕЛЕТЕ СЕ ТАМУ!

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА
ДА ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ
ДА ЖИВЕЕ ОНЕ И ДА ЖИВЕАТ НАШИТЕ ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛИ!

И за крај, ќе ве замолам за глас, претплата и шаут кој сака..Фала однапред..

Случувањата на сите ФРОНТОВИ + Преселба у ЛОМБАРДИЈА http://tinyurl.com/5teuvpk