АМАНЕТИ [ Претседател во заминување ]

Day 1,232, 03:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin



Драги мои еМакедонци !


Заврши и мојата еГолгота. Барем привремено, да здивнам, да се одморам од еЖивотов и малку да се посветам на оној другиот.


Почнав со еУправување пред три месеци. Прво како Премиер (еден месец, со многу ограничени повластувања) и потоа 2 месеци како Претседател. Мандатот ми почна во војување со Бугарија и некако се наѕира дека така и ќе заврши. Два (три) месеци исполнети со многу напори и нервози, со многу еДругарувања, но најважно од се – со значаен прогрес за еМакедонија !


Нема да се фалам сам со тоа што е постигнато. Прво, ништо од тоа не сум постигнал сам ! Второ, секој има очи и мозочни ганглии да види и разбере каква е еМакедонија сега, а каква беше пред два месеци. Државна каса преполна, одбрамбени системи и болници во сите матични региони, петоцифрени резерви во храна и четирицифрени резерви во Q5 тенкови, 18 територии под контрола... И пак ќе нагласам : ова е успех на цела еМакедонија заедно, не е само лично мој. Ова го постигнавме сите заедно !


До секого кој во мојот мандат придонел на било кој начин, дали преку работа во Министерства, дали преку квалитетни статии и предлози, дали преку редовна работа со 100 здравје и следење на Воените наредби – упатувам едно ОГРОМНО БЛАГОДАРАМ ДО СИТЕ ВАС ! Јас немам начин како да се оддолжам иако вие сето ова го правевте само за еМакедонија и за никој друг. Сепак, Ви се поклонувам и Ви Благодарам !


Сакам да оставам три аманети до сите Вас.


1. ВИТАЛНИ СОЈУЗНИШТВА


Секоја еЗемја пропаѓа штом почне да менува страни и Сојузи. Никако не плукајте по Сојузниците.
Запамтете – секоја војна започнува со тролање по весници! Тоа е првиот куршум! Ако некој наш изеде го*на за Србија, Турција или Унгарија во било кој весник – сите нападнете го со погрдни и укорувачки коментари. Одма нападнете го и секој нека го исплука ! Такви тролови се најголемата опасност за еМакедонските интереси. Ве потсетувам – СЕКОЈА ВОЈНА ПОЧНУВА СО ТРОЛАЊЕ ! Затоа, никому не му дозволувајте да ги гази еМакедонските интереси дали од глупост, дали од тоа што имал 12 годинки. Затоа, бидете будни и чувајте ги сојузништвата на Македонија И ВО ВЕСНИЦИ, И НА БОЈНОТО ПОЛЕ !

Кога не добивавме доволно помош од Сојузниците – јас не пишував накурчени статии. Напротив! Ги праќав нашите единици во нивните битки !


2. НЕ ВЛЕТУВАЈТЕ ВО ВОЈНИ БЕЗ ЈАСНА ВИЗИЈА



Многу лесно се почнува војна. Многу тешко се добива истата, а најтешко се завршува ! Затоа не летајте во војни без да размислите. Тоа не значи да бидеме кукавици и да гледаме сеир додека Сојузниците војуваат. Никој нејќе таков сојузник. Но секогаш размислете добро и дајте си бар еден ден за одлука !

По однос на Бугарија... Да, јас имав договор за ненапаѓање и истиот го испочитував до крај. Тој договор си оди со мене и со Подкрепа. Ним им требаше за да стигнат до Индија, нам ни требаше за да стигнеме до Италија. Кога бевме без МППа и одевме кон Црна Гора, имав договор и со Грција. И тој договор си заминува со мене во еИсторијата. Со тоа ја оставам еМакедонија на чисто без никакви тајни договори. Сега еМакедонија може легитимно да војува без да го гази зборот на нејзиниот Претседател. Договорите си ги испочитував и тие си заминуваат со мене!


3. СОВЕСНО ТРОШЕТЕ ДРЖАВНИ ПАРИ



Резервите тешко се собираат, а лесно се фрлаат. Почитувајте го трудот на тие пред Вас. Немојте лесно да делите лебови и тенкови, денари, или не дај Боже злато ! Еднаш имавме таква трагедија ! Ако треба нека се изгуби и еден регион и два и три – ама не губете глава и не губате достоинство ! Не трошете ко да Ви е последно – тешко се надокнадува !


Ова се трите најкритични работи за кои сакам да оставам аманет. Да Ви речам бидете единствени и не се карајте - 🙂 не верувам дека ќе се потепате да ме послушате... сепак, потрудете се Ве молам за што помалку внатрешни кавги. Тоа не’ убива во поим !


Пред еден месец реков дека еМакедонија ми наликува на тинејџер. Денес мислам дека сме отидени неколку чекори понапред. Ќе дадам нова споредба од една стара легенда. Се сретнале еден млад принц и прекрасен млад коњ. Меѓутоа, коњот иако многу силен, бил див по природа, не кроток, и никој не успевал да го јавне. Кога принцот го одбрал токму тој коњ, коњушарот го советувал да одбере друг за да не пострада. Сепак, за чудење на сите, тој иден крал и тој млад коњ ќе останат заедно до смрт и цел свет ќе знае за нив. Некој веќе погодува, коњот се викал Букефал, а принцот Александар.
Александар забележал дека тој прекрасен силен коњ имал една мана – се плашел од својата сенка. Затоа никој не успевал да го јавне. Збеснувал и секого го фрлал на земја. Ние еМакедонците сега сме Букефал. Силни, но се уште диви и нескротени, и полни со ирационални стравови. Сенката ништо не ни може само треба тоа да го сфатиме. Затоа Александар се сетил најпрво да го јавне Букефал наспроти сонцето како не би можел да си ја гледа сенката.


Доказ за нашата дивост е постапката на неколкумина за коментарите против соседна братска Србија. Една мала грешка и тие почнаа да плукаат по нашиот најважен сојузник. Морам да Ве укорам. Таа сенка, тој ирационален страв, нека не Ве плаши браќа ! Вие сте и ќе останете Македонци ! Не дозволувајте да улавеете како исплашен коњ. Свртете се кон сонцето и тој ирационален страв ќе го снема. Човек кој знае што е – нема потреба да паничи и да навредува. Со навреди не се брани националниот идентитет. Затоа останете спокојни и научете да се контролирате. Во спротивно, ќе ја изгубиме битката и тука и во реалниот свет ! А вие сепак сте и реални Македонци !


МОИТЕ ПЛАНОВИ


Секогаш кога ќе дојдат тешки времиња за еМакедонија – јас ќе се враќам/кандидирам како Претседател активно да помогнам.


До тогаш, се посветувам само на едно – на еНационалниот Дух на ЕДИНСТВО !

Работејќи како Претседател, сфатив дека има голема недоверба меѓу одредени единици и партии. Јас се посветувам на таа цел : да ги намалам тие големи разлики и да ги зближувам еМакедонците. Се откажувам од моето членство во АрМакедон иако таму имам многу блиски луѓе. Од единицата само барам пристап на чатот за да можам да се дружам со нив (ако може нека дадат и едно почесно членство 😛 ). Аплицирам за членство во Chaos Order. Желба ми е да бидам член на секоја единица бар еден месец и да ги запознаам луѓето што подобро. Така ќе работам за единството на еМакедонците бидејќи мислам дек а тоа е најважното нешто во играва.


еМакедонијo остани ми со добро !



Стариот о7