[ВАЖНО]Курс по Македонски јазик за населението во Софија

Day 1,148, 04:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Ivan Vancho Makedonski

Ви посакувам добро утро од командното место во планината Витоша над градот Софија


Граѓани на Софија,

ви се обраќам од името на здружените воени сили кои се стационирани на влезовите од градот. Окупаторските еБугарски војски започнаа масовно да пребегуваат и да се регрупираат некаде во Романија.
Дојде конечно и тој ден, денот кога ќе светне слободата во вашиот град. Ве замолуваме за смиреност. Останете во своите домови се додека не превземеме целосна контрола врз градот и околината.



На наша голема радост битката за градот ја добивме со минимални воени загуби. Исто така не радува и тоа што немаше скоро никакви загуби од страна на мирното цивилно население од градот кое со раширени раце ги пречека своите ослободители.

Софиски девојки со цвеќиња во рацете ги пречекуваат Македонските војници качени на тенкови

Веднаш по целосното превземање на градот ќе основаме воен суд кој чесно ќе им суди на заробените окупатори па после поштено ќе ги еСтреламе xD

За оние кои мирно ќе се предадат и за кои ќе најдеме докази дека не вршеле терор врз населението ќе имаме милост. Сите вие кои сакате и понатаму мирно да продолжите да живеете во Македонска Софија сте добредојдени.

За населението кое слабо го познава Македонскиот јазик ќе организираме бесплатни курсеви по Македонски јазик и литература. За да се пријавите оставете коментар „АЗ“ во статијава и ќе бидете контактирани од даскалите 🙂


И уште едно многу битно од денес официјална валута ќе биде Македонскиот денар [MKD]. Со левчињата можете слободно да си го избришете га*от 😛


Ве поздравувам со Македонскиот поздрав...МнМ о/
Искрено ваш,
Иван Ванчо Македонски


ПС: Од извори блиски до владата дознаваме дека цените на камењарките ќе се намалат со цел да се стимулираат војниците за наредните битки за ослободување ЉОЉ