Враќање на ддв-то на 1% !!

Day 1,594, 00:01 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
После подолго време решив да напишам статија
Навистина чудно ( за разлика од пред година дена) кога на секои 5-6 минути имаше по една економска статија сега со денови фолдерот за статии од областа на економијата стои празен?
Навистина се случија доста промени пред се воведувањето а една единствена валута за сите а никој ( барем јас не сум видел ) да не искоментира ништо !?
Значи со воведување на единствената валута доведе пред се до тоа да дојде до изедначување на цените на еРепублик производите кај сите посилни држави а од друга страна се олесни на некој начин можноста ( не треба да се менуваат валути) да се отиде во друга држава да се купат одредени производи и истите уште невратен да ги ставиш на маркетот во твојата држава.
Значи на некој начин се олесни увозот иако профитот од истиот е мал поради малите разлики во цените.Меѓутоа малиот профит од единица производ доведе до тоа да се увезуваат многу поголеми количини од претходно и заситување на домашниот пазар што дирекно доведе до пад на цените и нормално намален профит на домашните компании и неможност да одредени компании вработуваат .!
Сега некој ќе рече па што? ,ова е добро за обичните смртници кои немаат компании и не вработуваат –купуваат поевтини тенкови и слично.Меѓутоа со самото тоа што наштите компании не можат да вработуваат скапи работници дел од работната сила оди на печалба ( и тоа кај непријателот 🙂 ) и тој паметен како на пример USA нуди вискоки плати ама со персонален данок од 18% . Така да наша работна сила ја богати непријателската држава и нивните компании .
Истото така поради големиот број на ресурси тие држави произведуваат поевтини производи кои нашите увозници ( не се шверцери како што ги викаат биdејќи играта тоа го дозволува 🙂 ) во огромни количини ги носат и го заситуваат нашиот пазар.
Затоа мора власта веднаш да ги врати даноците на ниво од пред 5-6 дена кога беа по 1% за тенкови и леб, кога веќе нема механизам да се заштити од црниот увоз барем домашните ( поштени) производители да бидат колку толку рентабилни. Бидејќи сега со ддв од 5% овие увознициве и дел од производителите ја продаваат робата на црно преку ИЗВИК .! ?,така да повторно државата не собира повеќе даноци.
Надоврзувајќи се на претходното сигурно тие што имаат q4 па и q5 компании добро знаат дека во истите речиси и да не можат да примат работници ( при плата од 170ден и цена на Q4тенк 23 ден )за разлика од претходно кога правеа разлика во цена од 30-40 ден( профитот кај q5 во мом е 10-15 денари).
Едноставно ова може да доведе до разочарување( и откажување) кај огромен број на еМакедонци кои лупнаа силен голд за дојдат до овие фабррики за да сега неможат ништо да заработат.!
Бидејќи од црн пазар никој никаде не се спасил ( освен мерката намалување на даноците) едниствено што може да ја поправи ситуацијата е доаѓање до поголем број на ресурси !?
Има некои се занесуваат со стратегија на 9/10 и 10/10 ресурси што во моментов е научна фантастика пред се поради нашата гео положба (опкружени сме со силни држави) ама 7/10 мислам дека со добра стратегија и добро пливање со сојузниците па и со непријателите може да се достигнат . При што 4 да бидат за оружје а 3 за храна , бидејќи поголемиот број на еМакедонци имаат барем за храна.
Благодарам на времето се надевам некој од надлежните ќе прочита ?