4 YEARS eMACEDONIA - 4 години еМакедонија

Day 2,513, 10:18 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
вторник, 7 октомври 2014
статија бр. 157


Па еве воопшто не планирав статија за денеска а не се ни спремав 😛 ама ме поттикна статијата од Министерството за Надворешни Работи да извадам стари фотки "од подрум".
За жал ретко имам принтскринови од пред додавањето на еМакедонија бидејќи не ни знаев како се прават хахахха а и не сум мислел дека после 5-6 години уште ќе ја играм играва и дека ќе пишувам статија за тие времиња 😛

Па еве што ископав 🙂



Вообичаен аватар кај Македонците од тоа време, додадете ја и Македонија 🙂



Ова се еТурците од тоа време а не овие сегашниве ГМО (генетско-модифицирани) Турци 😛
Со истиот аватар ADD eMacedonia го освоив и мојот прв БХ, за жал немам принтскрин 🙂





Македонија по број на жители во топ 5 и на главната страна на ереп.
Мислам дека 12 000 акаунти ни беше максимумот?
МОФА тврди 17 000, Феликс вика 21 000, pics or didn`t happen 😛





На 13.01.2011 освоени Софија и Видин 😛




Зошто сум во Македонија?! Шаутов беше хит во тоа време 😛



За првпат ослободена Егејска Македонија 😃



еМакедонија за првпат толку голема 🙂



Грција ставена на (рас)продажба.



Македонија со 10/10 ресурси на 20 Септември 2012 година (ереп ден 1766)



Македонија со 10/10.



6 ПОБЕДИ во претходните 24 часа, плус КОД Јужна Далмација по која битка на кратко дел од Хрватското море стана Македонско море 😛




Еден од последните светли денови на еИмперијата 😛


Се надевам ве развеселија фотките, сепак не бевме оволку заникаде отсекогаш хехехе, се надевам им се интересни на некои нови играчи ако имаме таква категорија. 😃
Играва е тркало, клацкалица, некогаш си горе, некогаш доле, па може за брзо време пак ќе сме горе 😃 😛
Битно да ги памтиме убавите моменти а да ги заборавиме расправиите. На крајот сите сме луѓе и пред да кажеш некој неубав збор размисли дека од другата страна на мониторот се наоѓа некој друг човек, некој татко, сопруг, мајка, сестра....


И сега да направам турлитава од статијава, следува репринт од статијата објавена за 1 годишнината од еМакедонија а се однесува на периодот пред да бидеме додадени.
Дека фотките до сега беа воглавно од периодот откако не додадоа.





РЕПРИНТ

Среќен 1 роденден татковино! (1 дел) [lazarosaMKD] http://www.erepublik.com/en/article/-1-1-lazarosamkd--1876335/1/20


Македонци!

Се наближува 7 Октомври датум на кој пред точно 1 година ја додадоа нашата татковина еМакедонија.
По повод овој јубилеј решив да напишам 1-2 статии како мој придонес во одбележување на Денот на Независноста.

Не се подготвував со чепкање по старите форуми и статии туку ова е она што сум го запаметил па ако нешто фали тука се коментарите да ме дополните или исправите. Ќе гледам да сум краток без многу тупење и носталгија како пензионерите седнати по клупи.

Прв Македонец кој потенцирам ја популаризирал играва е играчот Smert со тема во подфорумот Игри на Кајгана форумот.

Преку таа тема се формира едно првично јадро на педесетина играчи. Ова беше почетно место каде што се муабетеше за ереп, се регрутираа нови играчи, се коваа "големи планови" 🙂
Подоцна ерепублик доби и посебен подфорум во подфорумот Игри.

Профилот на Смерт е од Mar 16, 2009 значи Март-Април 2009 е првиот македонски "бејби-бум" (секако ни оддалеку не се мери со првиот СИТЕЛ ТВ прилог, правиме муабет за 50-тина форумџии од Кајгана)

Каде живееја Македонците?

Ова намерно го пишувам зашто често пати кога пишувале статии странски министерства за надворешни работи или странски играчи во намера да ве придобијат Вас, вашите борби и направена штета, вашите симпатии, честопати намерно или ненамерно Србите ќе ви кажат дека сите сме биле сместени и сме се бореле рамо до рамо со Србите, Турците ќе ви кажат сите сме биле во Турција итн.
Значи не.
Македонците секогаш си ги гледале своите интереси а тоа во играва значи каде биле платите највисоки, која држава имала најдобра економија што значи побрзо напредување па еден ден кога ќе не додадат да имаме повеќе сила, поголеми работни вештини и секако компании.

Првата поголема концентрација на Македонци е во Романија и Украина чисто само поради платите и економијата.
Романија како и сега и тогаш е сојузник со Грците па повеќето се префрлаат во Индонезија која тогаш беше многу силна држава.
Индонезија е периодот кога и јас се регистрирав на играва.
Јас се родив во Хрватска а повеќето Македонци беа во Индонезија каде што имавме и македонска партија се викаше партија за македонско-индонезијско пријателство така нешто (може да се провери ако на некого му е битно).
Потоа од Русија во времето на Партер и Моредан Кантосе од играчот Моредан Кантосе стигна покана за формирање на единица која ќе биде потпомогната и финансирана од Русија.
На почетокот се боревме во Руската легија на странци а понатаму зошто бевме доста активни и релативно бројни се формираше посебна единица со име Македонска Фаланга со војници - Македонци и команден кадар - Македонци.
Си имавме и посебни аватари а и посебен подфорум на Рускиот форум.
Поради Македонската фаланга бројот на Македонци во Индонезија се намали а во Русија имавме релативно бројна заедница па логично на тоа се формираше и партија Macedonia Timeless.
Оваа партија согласно нашата бројност имаше добар успех редовно земавме по 1 или 2 конгресмени а на моменти влеговме и во топ 5 во Русија.
Ова почна и да им смета на Русите што им се мешаме во политиката па го прекинаа финансирањето на Македонската Фаланга.

Понатаму следи покана од Турците за наша единица во склопот на нивната војска и веќе погодувате каде што одевме таму имавме и партија и земавме и по некој конгресмен.

До додавањето на Република Македонија имаше и неколку неуспешни обиди да направиме ПТО на мали земји демек "во знак на револт" што не не додаваат и "да се чуе нашиот глас"..
Така добивме неколку конгресмени во Чешка Решублика и во Белгија.
Повеќе реално не можеше. Од Феникс имаш ПТО машинерија од Србите, Унгарците а од ЕДЕН Романци, Хрвати. Повеќе популација, повеќе инфрастуктура(четови, форуми, единици, поголема комуникација)

Да не ја заборавам Јужна Кореја.
Ова беше првата држава каде што реално можевме да земеме и претседател но тогаш дојде најавата за додавање на Македонија па така пропадна и тоа.

Да резимирам.
Не имаше насекаде.
Индонезија, Русија, Турција, Србија, Унгарија, Велика Британија, Романија, Украина, Хрватска, Јужна Кореја итн.

Да не го правам текстов километарски долг утре или задутре здравје боже ќе ја продолжам статијава со неофицијалните министерства кои си функционираа и тогаш, си игравме држава и тогаш, се организираа донации во НБРМ од плати помагаа и Турците доста донираа. За долгиот пат до независноста и за првите денови и месеци, за двата Сител ТВ бејби-бумови.