Претседателско обраќање [VOLK 1975]

Day 2,592, 06:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонијо.

Пред се сакам да ви ги честитам новогодишните и божиќните празници. Нека ви биде домот исполнет со топлина и светлина.

Во врска со играта успеавме да добиеме конгрес после подолго време. Ова е можност сите македонци да се вратат дома и да помогнат да се зголеми штетата која Македонија ја прави секој ден.

Сакам да ви се заблагодарам за максималната подршка што ја добив од сите вас месецов. Планот е реализиран благодарејќи на сите вас. Од тимот што беше со мене до координацијата на единиците па се до максималната подршка од сите наши еПечалбари како и сојузниците. Конечно можеме да кажеме дека по пауза од неколку месеци конгресот ни е сигурен.
Честитки до сите вас и до сите нови конгресмени. Се надевам дека ќе работат со срце за Македонија.

Имам причина да ги повикам сите наши печалбари да се вратат назад во Македонија. Време е да ја покажеме нашата вистинска сила и вистинската штета што можеме да ја направиме во моментот. Доста таа штета ни се рачуна по други земји. Со тоа би добиле поголем углед и сигурно подобра позиција во избор на понатамошен сојуз. Ова го пишувам поради проблемите што се моментално во Аурора. По испаѓањето на Бугарија и Чиле ја донесе истата одлука и они го напуштија сојузот. Ние сеуште сме таму и дефинитивната одлука ќе биде донесена наредниве денови. Оваа работа не треба многу да ве загрижува бидејќи имаме релативно јаки МПП`А, а и доста пријатели во еСветот.

Сите оние земји што се во Аурора а и Чиле и Бугарија изразија желба да продолжиме со соработката како што беше и претходно.

Уште 1 работа е исто така важна што дојдовме до некаков контакт со Грција. Преговорите ги водат Фантомот и Акцонел.
Единствено е договорено дека конечно има потреба да седнеме на маса и почнеме некакви разговори. Што ќе биде од цела таа работа незнам али сигурно нема да дозволам додека јас сеуште сум CP да бидат прифатени некакви понижувачки и некакви безвезни договори. Лично би сакал и таму да постигнеме некаков договор да ги осигураме оригиналните територии и да почниме со освојување на еСветот.


Ваш претседател

Волк 1975

о7


За шаут

Преседателско обраќање [Volk 1975]
http://tinyurl.com/q8bgp97