Прво и последно обраќање [VelAco]

Day 2,633, 17:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро вечер еРепубликанци,

Првото и последно мое обраќање ќе биде кратко и јасно, иако во текот на овие 30 дена преку неколку кружни пораки постојано бев во комуникација со многу наши играчи, но и со играчи од сојузничките земји. Исто така, мојата активност на чат со сојузниците беше на високо ниво, особено во првите 2/3 од мандатот, меѓутоа овој вид на комуникација со членовите на владата беше минимален, иако се отвори наменски канал.

Кратко - не сум задоволен од сработеното во овој мандат, а целата одговорност лично ја превземам. Причина за тоа е прикриената опструкција од некои луѓе од некои партии, но пред се немањето слух од страна на Чиле, Хрватска и други држави за моите идеи да се направи нешто повеќе. Комуникацијата со Бугарија беше сведена на минимум, бидејќи имаат потпишано НАП и не беа до крај слободни да се впуштаат во некои поголеми акции. Среќен сум што нашите играчи помогнаа многу на Бугарија да го наполни авионот кои сите знаеме како заврши. Од друга страна, успеавме со несебични донации да го наполниме и нашиот авион со керозин, но дестинацијата за летање ќе му ја оставам на наследникот.

Од сите министерства, најголема активност покажа министерството за одбрана на чело со Glamche, портпаролот Lord и уредникот на МоД весникот MandiBT кои секојдневно ја известуваа јавноста за важните битки и поставуваа CO.

Голема благодарност изразувам на министерката за здравство Tasha.MKD која се грижеше за нашите бебиња кои за жал не се во голем број, а исто така и до Makedonec21 кој ме поштеди од неговото тролање. Другите министерства или немаа што да работат, или пак не сакаа многу да се ангажираат - одговорноста за ова исто така ја превземам.

ТЕРИТОРИИ

На почетокот на мандатот, Македонија имаше територии во Канада, Ирска и Англија. Сите такси од Ирска и Англија според договорот им беа вратени назад и истите се задржани со цел овој месец да обезбедиме Конгрес, а секако дека заради детерминацијата еден ден ќе паднеа. Одлучив прво да се даде регионот во Ирска, додека регионот во Англија го задржав заради војната за ресурси и договорената „тренинг“ војна со Франција. Ваква војна со Канада во никој случај не можеше да се договори, бидејќи и до ден денес не сакаат било какви преговори.

Во „тренинг“ војната во Франција ја вклучив и Србија со единствена цел заеднички да собереме што повеќе токен поени, меѓутоа во неколку наврати не се придржуваа кон договореното. Одлучив да ја прекинам војната за што го известив францускиот CP, нашите играчи потоа навалуваа д се освои уште еден регион, другата страна негодуваше и настана мала непријатност во меѓусебната доверба со Франција.

Во овој момент се наоѓаме во скоро безизлезна ситуација после слетувањето на Иран и очекуваниот напад од Франција - ова се очекуваше, порано или подоцна. Многумина обвинуваат дека имаме малку МПП, но при воздушниот напад на Иран имавме МПП со „најверните“ пријатели - Чиле и Бугарија. Да ве известам дека многу МПП пропаднаа заради договорените тренинг војни на скоро сите сојузнички земји и се надевам дека наредниот претседател повторно ќе ги обнови. Најверојатно ќе не бришат, што значи дека треба да се посветиме на ослободување на оригиналните територии или повторно со сојузниците да се одбере нова цел за воздушен напад.

Очекувам новоформираната единица -ПРЦ- да биде предводник во ослободителната војна, а според мене доаѓа интересен период кога Плато ќе ја воведе опцијата за граѓанска војна.

ФИНАНСИИ

На следниот линк можете да го погледнете деталниот финансиски Извештај во текот на мандатот:

ИЗВЕШТАЈ

Викаат без старца нема ударца, така и без валута за CO нема победа. Според тоа, во неколку наврати се повлекуваа пари од НБРМ за CO, а за купувањето на злато по „ефтина“ цена и проектираното покачување на неговата вредност, ќе се обратите до финансиските експерти.

ЗАКЛУЧОК

Од овој волк толку, а на наредниот претседател му посакувам многу поголем успех и да го слушате повеќе.

Секое добро...

1x2