Инфо за турнирот и јужните [Severrus]

Day 3,089, 04:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Severrus Snape
Поздрав Македонци,

Ќе преминам право на главното и ќе ги прескокнам формалностите..

Гледам повеќето не сте доволно информирани за турниров, и за нашите тренинг војни кои се во тек, па ете да ви разјаснам.

Прво, вашата дисциплина и удирање само каде што треба е од исклучителна важност!!!!

Сите тренинг војни беа планирани и темпирани да започнат на денот Д, во петок (утре) на 6ти Мај, кога и започнува турниров за ресурсите.
Отворивме Тренинг Војни со Србија, Перу, Тајланд и Индија.

Утре би требало да имаме најмалку 8 активни битки во исто време, затоа како што кажав, вашата дисциплина и следење наредби е НЕОПХОДНА!!

Повеќе информации во моментов не можам да дадам, затоа внимателно и постојано следете ги наредбите од весникот на Министерството за Одбрана!


~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

ОКОЛУ ЈУЖНИОТ ЗАКОН ЗА ПРИРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ

Утрово НЕНАЈАВЕНО јужниот ЦреП пушти закон за Природен Непријател на Македонија, и отпосле пиша порака на нашиот Претседател УНИШТУВАЧ МКД дека сакале Тренинг Војна.

Нормално, ова нити беше планирано, нити се совпаѓаше со нашите планови. Тренинг Војна така не се планира, во последен момент.

Она што тој го предложи е да ни освојат само 1 регион, а ние да имаме востание. Проблемот е што ние ќе имаме востание дури наредниот ден, Сабота, а не Петок, кога е навистина важно.
Де факто, од ова корист имат само Јужните, затоа што имаат недостиг на војни, и нема на кого па ајде на нас, и после ќе се правдат за Тренинг Војна.


До овој момент како што е состојбата, ова се смета за акт на агресија, и НЕМА ДА БИДЕ ТРЕНИНГ ВОЈНА се додека не го променат нивниот став. Македонија нема да биде нечија играчка за добивање на поени за турниров, на наша штета!

Затоа, нормално нашите браќа од Бугарија пуштија исто така закон за Објавување на Војна на Јужниот Сосед.


Ако има промени во текот на денот, ќе бидете известени.


Останете ми со полно здравје до утре сабајле (сериозно, сите фулл фф ќе треба 😛), и нека ни е со среќа турниров!

Поздрав,
Северус Снејп