Глобална и локална економија [SaveAss]

Day 1,895, 02:08 Published in Serbia North Macedonia by SaveAss

Почитувани,

по незнам кој пат се повторувам колку е важно да се избира добар конгрес, со транспарентност и сл. Вчера чиста среќа беше што ги ѕирнав законите, за сосема друга причина (следење на добивките од промената на данокот – кој впрочем не го поддржав) за да видам закон за минимална плата кој не е во согласност со моменталните прилики.

Денеска повторно имаме нов бисер закон со кој делумно е во согласност со минатиот закон, со таа разлика што конгресмените го намалиле само локалниот данок, а данокот ко „ќе ги спречи од увоз го оставиле висок“.

Најпрво да се обратам на состојбата која е причина за лошата локална цена. Тоа е затоа што имаме мал бонус и високи трошоци за производство.

Тоа реално значи дека кој било може да отпатува во непосредна близина да набави тенкови кои ќе бидат поефтини него некој да ги произведе локално. Значи се наоѓаме во една несреќна ситуација каде под сегашните услови не се исплати луѓето да се вработуваат во тенкари. За храната немам направено анализа, но верувам дека ситуацијата е иста.

Лоцирањето на проблемот е малку комплексно, но се сведува на општото намалување на платата на светско ниво и критичната точка каде станува исплатливо работењето во Q5 RAW фирми. Штом дојдеме до таа точка, производството на RAW станува енормно, приморувајќи ги оние кои имаат само гумари да ја спуштат цената. Вчера бевме блиску до таа точка, денеска ситуацијата е малку по позитивна и венаш гледаме дека цената и на самите тенкои падна. Моментално говориме за разлика од 1% а само пред 2 дена таа разлика беше 10%.

За жал единствен начин на кој можеме локално да се бориме со овој тренд е намалување на трошоците за производство, односно намалување на цената на RAW или намалување на цената на работната сила, данокот нема да смени ама баш ништо. Едноставно странците вклучувајќи го данокот се поефтини од нашата производствена цена, па ние да го наместиме данокот и на 0% ситуацијата ќе биде иста.

Ајде да пробаме вака,

затоа што данокот е важен дел од економијата, односно од воената стратегија, мораме да го оптимизираме.

Најпрво мораме да ја зголемиме минималната плата за 1 мкд. Тоа ќе ја избалансира состојбата и рамноправноста, а ќе остави доволно простор за евентуално негативно маневрирање на платата. Исто така ќе мораме да го зголемиме данокот на придонеси од 10% на 15%, затоа што мора некако да се полни буџетот. Во спротивно нема да има удари и ќе бидеме избришани.

Од друга страна предлагам промена на даноците:

ДДВ 5% оружје и 8% до 10% храна.
Намалување на данокот на увоз на ниво од 3% за тенкои, 7% за храна и 10% за RAW.
Бенефитите се дека ќе имаме по избалансирани цени и пореална економска состојба за сите учесници на пазарот.

Потребата од селење ќе се намали, а со тоа и непотребните трошоци. Инаку на сите ни е јасно дека никој од нас не е бот, за да не ги провери конкурентните цени, затоа да не се лажеме, трошоците се поголеми на изолиран пазар, за сите.

Пред се' верувам дека овие дополнителни средства ќе ни помогнат во борбата со јужните, состојба која непрекинато го носи буџетот во негатива и не дефокусира од економските придобивки во стабилните 7/10. Состојба на која нема да се вратиме ако одиме со глава во ѕид.

Сето ова треба (барем теоретски) да ни дозволи да заштедиме локално околу 20.000 мкд, односно да почнеме локално да вртиме повеќе валута и така да го спречиме одливот.

Со почит,
SaveAss

(*чисто како фуснота 500 души да се селат дневно и да горат 40 мкд во два правци, имаме 500 * 40 = 20.000 мкд, а прашање е и колку ни одговара да гориме валута)