Саката економија - по чија заслуга? [SaveAss]

Day 1,854, 13:39 Published in Serbia North Macedonia by SaveAss

Одамна не сум се извадил од такт вака, тоа е затоа што конгресмените очигледно не си ја знаат својата работа.

Најпрво да почнеме од почеток:
Бидејќи повеќе од очигледно е дека даночната политика е тапа, предложив нова даночна политика во сооднос со актуелните економски состојби. Тоа значи дека за разлика од сегашната состојба, даночната политика која ја имаме беше наменета за времето кога Ботот купуваше сам.
Следствено со тој податок буџетот некако тенко се полни (за 7 дена околу 30.000 мкд)

Нормално поентата која ја имавме беше едноставна, да го фокусираме дневното тргување преку маркетот, како што и реално е предвидено да се врши тргувањето, АМА тоа е нешто што ние мислевме дека било потребно, или тие што требаше тоа да го разберат некако слабо им оди математиката. Дополнително сето тоа да биде по цени кои ги добивате од шаутите.

За таа цел се постави закон:
http://www.erepublik.com/en/main/law/Republic-of-Macedonia-FYROM/120833
И доколку некој мисли дека сосма случајно се одбрани бројките 4 и 3, тогаш нормално дека многу грешите.
Ајде по ред
4% ДДВ значи дека имаме 3% намалувањае на данокот кој го плаќаат работодавците, односно тоа е околу 0,4 мкд разлика во оданочување кај Q7 тенковите, точно разликата помеѓу цените на шаут и цените на маркет.
Одиме кај данокот на увоз и вечната дебата околу RAW. Најпрво голема апсурд е да се замисли пазарот како затворен, затоа што за 20 мкд можеш комотно да се најдеш во 3-4 различни пазари и да си набавиш се што ти треба.
Од друга страна, производството на RAW во Македонија е рентабилно за цена над 0,035 мкд, за разлика од другите земји каде рентабилноста за производство на RAW е над 0,05 мкд. Тоа значи дека ако на таа сума додадеме макар и 1% (а не 3😵 автоматски мора да одат цена погоре или 0,06 мкд. Дополнително данокот е 3% заради сосема друга причина, односно да се заштити секундарното производство на готови производи каде може да се јави одредена разлика во случај на голем пад на нашите бонуси, И САМО ЗАРАДИ ТОА.
Во секој случај цените во еРеп се толку универзални и избалансирани што изјави од стилот заштита на производството се АПСУРДНИ.

Со оглед на овие податоци, се прашувам кои пациенти мислат дека законот кој е предложен погоре има штета по народот?
Притоа не заборавајте дека буџетот е местото кое на бебињата ќе им носат најмногу бенефити, или верувате дека плата 60% од онаа кај соседите е голем бенефит и треба да бидете горди со тоа?

Апел до народот – Тие 20 души ве прават поголеми инвалиди и магариња со секој поминат ден на столицата како конгресмени. Пазете за кого гласате.