[SaveAss] Конгресот и бирањето на кандидати

Day 1,647, 11:04 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Почитувани о7


денеска сме сведоци на неодговорноста која се провлекува низ конгресот.






Првата директно се однесува на секој од вас, тоа се парите со кои се финансира рефундот, алијансите, парите за МзЗ и.т.н.

Втората индиректно се однесува на секој од вас, тоа е политиката со која настапува Македонија.


Знам, разбирам што е шала, ама некогаш може да испадне дека не е.



Сублимирано тоа значи дека членовите од конгресот кој Вие ги бирате може да одлучат:

1. Да ја бојкотираат владата не префрлајќи финансии со донации следствено да немаме пари
2. Да не ги потврдуваат алијансите кои ги имаме
3. Да стават ембарга на сите држави и следствено до 1 година да немаме приход на допонителни средства по овој основ.
4. Да гласаат на ПН земја која нема врска со интересите на Македонија
5. Да си играат со даноците кои ја движат економијата


Да се навратам малку, пред 1 недела дадовме примери дека економијата во Македонија во најголем број подлежи на одредени правила наметнати од Плато. Наша цел не беше да кукаме, него да ве едуцираме да ги користите за да имате поголем бенефит.
Дополнително одлучивме да се спротиставиме на Мастер Кард со витуелен Кард.

Знаете дека со измените и воведувањето на Q3 тренинзи рефундот како товар на буџетот расте. Веќе една недела буџетот е неликвиден, тоа значи дека генерира загуба во тотал. Тоа е цената на одржување на нашите навики и дополнително нашата желба да се спротивставиме на циклусот на бришења кои ни се случуваа овој период во минатото.

Ако продолжиме така своевремено касата ќе се испразни. Сепак решение има.

Моменталниот буџет е околу 20-25% од вкупниот буџет кој може да го генерира Македонија. Имајќи во предвид од претходните изјави дека најголемиот купувач на маркетот е Плато одлучивме да ја искористиме оваа опција во наша полза како земја. Сакам да напоменам дека многу други земји го направија тоа пред најмалку 2 месеци.

Идниот конгрес, треба да го понесе товарот заедно со оваа влада, треба да застане одлучно пред предизвикот и да изгласа покачување на ДДВ.
Знам изгледа чудно, ама не ја мешајте РЖ економијата со онаа на Плато, Плато нема врска од РЖ економија 🙂

Со овие промени иако цените ќе се зголемат, препорачаните цени нема да се сменат. Тие се исти без разлика колку е данокот, а поголем данок ќе ни донесе поголем буџет.

Изберете правилно, немојте 20, па дури и 50 тенка да ве чинат 10 кратно повеќе. Гласајте за оние кои се достојни да ги носат правилните одлуки за Вас.

Со почит,
SaveAss