[sarmetina] Кој повеќе ќе се излигави во Србија

Day 1,480, 14:24 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina



[sarmetina] Кој повеќе ќе се излигави во Србија
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1921236/1/20
~~извик~~

Кој повеќе ќе се излигави во Србија. Под вакво име од вечерва започнува голем натпревар во Македонија. Македонци и Македонки, ставете ги лигавчињата, клекнете на колена и почнете да се лигавите. Еден Србин доби идеја да промрчи зашто се наплаќаат државјанствата...

Извори од терен велат дека Македонците секојдневно без никаков проблем добиваат српски пасош, а на добродушните конгресмени од ќеф и лично задоволство им подаруваат по 10 до 15 тенкови.

Проблемот се јавувал кога Србите за да дојдат во Македонија треба да платат 2000 денари, како што претходно одлучи конгресот.

Тимот лигавлиња, сега бараат Конгресот да ја смени одлуката затоа што на браќата Срби не им се почитуваат македонските закони.
Останува нејасно, што чека конгресот на Македониоја и зошто и натаму ја држи оваа одлука на сила, кога истата е спроти интересите на Србија.
Обид да се изрази незадоволство од оваа одлука македонските гастербајтери направија и пред десетина дена, но откако не наидоа на поддршка во конгресот ја сменија тактиката.
Сега на Македонците треба да им се објасни дека нивниот конгрес треба да менува одлука бидејќи таа не е од интерес на нашиот најголем сојузник.

Македонија како и секоја друга еДржава си има свој конгрес. Како што веќе знаеме, секој месец на 25 се спроведуваат избори за конресмени.
Проблемот настанува што нашиве гастербајтери кои не сакаат да си го скратат профитот за 1000 денари, на изборите наместо за конгресмен, гласаат за 2 тенка.
Уште 15 дена не делат од новиот избор за конгресмени, па таму, пред да ги земете тенковите за кои си го продадовте гласот, прашајте го конгресменот за кого ќе гласате, дали доколку се укотви во пратеничката фотеља ќе гласа за или против ваков закон.

До тогаш, сите кои мислат дека Макеоднија не вреди за да дадат 1000 денари и да се вратат со неа (дури и кога еве вака ќе живне со ресурси) од моето лично име им посакувам пријатен престој во Србија со желби за што поголема заработка и што повеќе пари во српската државна каса од 8 пати повиокиот Income tax

Истовремено апелирам до Србија да ги намали даноците бидејќи не е фер, во еМакедонија Србите со македонско државјанство да и даваат на државата само 1% income tax, а Македонците со српско да плаќаат 8%

ПС. Текстот е пишуван во иронија...

[sarmetina] Кој повеќе ќе се излигави во Србија
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1921236/1/20
~~извик~~