[sarmetina] ПРОТИВ ДОГОВАРАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

Day 1,449, 08:23 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


[sarmetina] ПРОТИВ ДОГОВАРАЊЕ НА ПЛАТИТЕ
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1900116/1/20
~~ИЗВИК~~



Новиот концепт на договорена плата е нефункционален, спротивен на секоја бизнис логика и штетен за еМакедонија на повеќе основи.

Јас како сопственик на тенкара, вчера, применувајќи го концептот за ресетирање на платата загубив повеќе од 2000 денари. Нема да коментирам дали платата се спушти заради договорот или пак поради тоа што ни се намалија бонусите но
ќе кажам дека за еден ден не успеав да вработам ниту 20 работници, што е далеку од бројката над 200 работници до која стигам кога имам повеќе време да поседам пред компјутер.
Новиот систем им овозможува на играчите кои не се активни да стават понуда и да се логираат поак после 3 саати, да ги избркаат оние 3 работници што им се пријавиле за тоа време, да купат рав и да уживаат.

Од друга страна, со договрената плата губат и обичните граѓани.
Тие наместо 130, денеска земаа по 100 денари плата.
Овде пашувам, зошто ако не е проблем работниците заради нашиот договор да земаат 30 денари помалку, не се покачат даноците на околу 30% и за income и за VAT.
Бар во една таква ситуација ќе му направиме пртисок на златото и ќе овозможиме денарот да ја зголеми вредноста.

Наспроти ова, играчите кои најччесто продаваат тенкови сега имаат помало производство, а со тоа и помала понуда на пазарот....

Голема небулоза е дека некој ќе договори да се намали цената на равот и ќе ја држи на ниско ниво...
Ок, еве и да се договриме да ја намалиме на 0.3 и да стане најниска во светот, тоа ќе ги привлее странците и бидејќи имаме мало призводство ќе ни го купат наедна цело и пак ќе се врати на истото ниво..

Пред крајот ќе напишам и дека е против секоја логика, некој водржавата да ми диктира начин на кој јас ќе работам со мојата инвестиција.
Ако мене државата ми купи тенкара, тогаш не е проблем да работам како што ќе ми каже државата. Но тоа е прашањеповрзано со дилемата дали ни треба слободен пазар, и не би сакал да го отварам овде.

Економијата е жива, не може да се договара ниту понудата, ниту цената.

Ако на тебе ти се исплати денеска да направи 5000 тенкови и да ќаруваш по 3 денари на работник, мене не ми се исплати, па денеска нема да работам.
Утре ако ми одговара највисоката плата, ќе ставам исто колку неа, и ќе терам.

За крај, ќе кажам дека не сакам да го девалвирам трудот на некои кои се обидоа во најдобра намера да обезбедат подобри услови, но ете... пробавме и не оди.. бар мене не ми оди...
Ако има некој што работел подобро, нека ме демантира....

[sarmetina] ПРОТИВ ДОГОВАРАЊЕ НА ПЛАТИТЕ
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1900116/1/20
~~ИЗВИК~~