[sarmetina] Зошто нема да ја покачувам платата ..

Day 1,347, 07:14 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


[sarmetina] Зошто нема да ја покачувам платата ..
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1831825/1/20


Со измените кои ги воведоа админите и со кои се овозможува само 5 играчи истовремено да бидат вработениво една комапнија, се создава интересна ситуација на пазарот на работа сила.
Играчите во желба да остварат поголем профит, ги подигаат платите, без да пресметаат дека намсто профит, така одат во загуба.

Еве зошто:

1. Никогаш не можете да имате највисока плата на Job Market. Секогаш има играчи кои кликаат рифреш и кои ќе ја изедначат нивната понуда со вашата.. Тоа значи дека вашиот обид да бидете најпривлечен работодавец на пазарот пропаѓа за отприлика 10 секунди

2. Покачувањето на платата ви го намалува профитот. Ако ставите иста плата колку највисоката на пзарот, ќе ви треба малку повеќе време за да добиете работник, но тој работник ќе го платите помалку и ќе имате поголем профит.

3. Ако на пример, сега имате 10 денари профит од еден работник, а вие ја зголемувате платата, па ја зголемува некој друг, па после тоа трет , профитот од работникот се налаува на 5 денари. Во таква ситуација, за да направите 500 денари профит ќе ви требаат 100 работници, а ако не ја покачувавте платата, ќе ви требаа само 50.
Кога ќе пресметате, ако за 1 саат на пониска плата ви доаѓаат 50 работници, а на повисока 100, на крајот резултатот е ист.. пак имате 500 денари ќар, само кликате повеќе, сите губат, а губите и вие..

Ај да не пишувам повеќе.. сите сами си знаат. Мојата препорака е да не ги покачувате платите. Секогаш ставете еднаква сума со онаа која во моментот е највисока на пазарот

Поздрав


[sarmetina] Зошто нема да ја покачувам платата ..
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1831825/1/20