[sarmetina] Рефунд или кражба на државните пари ?

Day 1,336, 07:32 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina


[sarmetina] Рефунд или кражба на државните пари ?
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1823538/1/20
~~~shout~~~


Рефунд или донација од државата во пари и производи за воените единици.
Откако почнав да ја играм играва, па се до денеска, јас сеуште не можам да сфатам, како е можно, државата да ги обештетува војниците кои се борат за неа. Да се зема рефунд за борби во странски битки, некако и можам да разберам, но ова...

Кога станува збор за рефундирање на средства, имам неколку проблеми.

1. Врз основа на кој критериум, се одлучува, која паравоена единица ќе добива средства од државата а која не. Зошто одредени паравоени единици добиваат средства, а други не?
Се следи ли која паравоена единица колку штета направила, или пак средствата се даваат онака, од ракав и врз основа на критериумот, кој е поблизок до државата и кој подобро лиже?

2. Кој ја контролира распределбата на државните средства за паравоените единици?
До сега,сигурно имало над 100 префрлања на средства во паравоените, а јас немам прочитано, ниту кој ги добива нашите државни пари, ниту пак како ги распоредува, ниту кој војник, колку рефунд добил и колку штета за тоа направил. Ваквата ситуација ми остава голем простор да се сомневам дека паравоените организации служат само како поле преку кое државните инстиуции, односно, поединци во нив, работат на лично богатење. Не велам дека некој ги злоупотребува, но до сега, не сум прочитал ни една статија, која паравоена, колку добила и колку штета направила за тие пари
3. Зошто им се дозовлува на паравоените да работат за без пари, (ради нив стои минималната плата на 1,5 МКД) да не плаќаат даноци и да се развиваатсо парите на емакедонските граѓани?
Зошто еден војник од паравоена организација, може да има 100 фирми, од нив да си се богати, а плус државата да му плаќа, затоа што ќе војува за неа. Ако ни требаат пари за да не мотивираат да војуваме за еМакедонија, тогаш подобро кажете да си го избришам акаунтов. Дневно торшам по скоро 2000 сила, тенкови за најмалку 700-800 денари, а за тоа никој не ми возвраќа. Јас заостанувам со својот развој, само заради тоа што не сакам да учествувам во матните комбинации на релација паравоени единици – власт. Која е основата врз која на овој начин се дискриминира емакеоднскиот граѓаѓнин.

Затоа

Предлагам, целосно укинување на рефундот за воените единици. Ако сакаат да се борат, нека се борат од патриотизам, а не за пари.


Бидејќи знам, дека тесните интереси на сите владејачки гарнитури нема ни да го разгледаат овој мој предлог, инсистирам, Министерството за одбрана или кој и да е тој што го дели рефундот, за секој поделен денар да напише статија, во која ќе образложи, која паравоена единица колку пари и производи (тенкови, леб) добила и за возврат колку штета направила за тој ден.

За крај, апелирам на итноста од донесување на нов закон за минимална плата, според кој, минимумот ќе се фиксира на 100 денари.

И бидејќи знам дека некој ќе напише, што не си отидеш во паравоена единица, па да си зимаш и ти...

Јас ќе одговорам... ако паравоените единици, сакаат да земаат рефунд, тогаш нека го бараат од други сдржави каде не се борат поради патриотски чувства... јас сум си сам единица за себе... со скоро 3500 сила.. војувам по наредбите на државата




[sarmetina] Рефунд или кражба на државните пари ?
http://www.erepublik.com/en/article/-sarmetina-1-1823538/1/20
~~~shout~~~