Интервју со Princess Emily

Day 1,641, 10:23 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Денес на разговор ни е Princess Emily која е лидер нa воена единица и поранешен амбасадор на еМакедонија разговаравме за многу теми па повелете и вие бидете дел од овој разговор

Од каде дозна за играва и што најмногу те нервира ?
Princess Emily : Најпрво, здраво. о/
За играва дознав од повеќе играчи од претходната игра што ја играв, mafia.mk, но тогаш регистрирањето на оваа ми изгледаше излишно. Откако почнав да му го чувам профилот на Трајче, по надминување на предрасудите се регистрирав и јас. Впрочем, кога ќе се сетам, навистина ми беше навистина досадно тој летен ден. xD

Ме нервира нерамноправноста и неправдата, луѓе кои се мешаат во туѓи (е)животи, надменоста, алчноста, себичноста... никој не е совршен, но навистина е важно да се внимава своите постапки да не влијаат негативно врз останатите луѓе. А за жал, во играва тоа навистина е многу често.

До сега немам правено интервју со амбасадор, ти имаш такво искуство, амбасадор во еШпанија кажи ни повеќе за дипломатската функција ?
Princess Emily : Тоа беше еден од најубавите периоди кои ги имав, тогаш знаев за што се залагам и за што го трошам времето овде. Несвесно прифатив предизвик во кој вложував многу, само за да ја создадам хармонијата и пријателството што беше потребно за две земји да бидат членки на иста алијанса. Мислам дека успеав, иако многу работи се сменија оттогаш. Секој може да се обиде во тоа, носи многу предности и запознавање на нови луѓе. 🙂 Во играва научив да творам прозно. xD Најсериозно, тоа е една од работите за кои не жалам за сето потрошено време. еШпанија е мојот втор е-дом. 😁
eSpain ♥


Која е причината што прифати да бидеш амбасадор во еШпанија ?
Princess Emily : Јас бев таа што аплицирав xD Едноставно ми изгледаше занимливо во бесмислена игра, каква што ја сметав на почетокот. Не дека сега не е. xD

Зошто не продолжи да се занимаваш со политика ?
Princess Emily : Монотоност и исцрпеност. А сега е и бесцелно. На сцена е најдобриот МоФА што еМакедонија некогаш го имала. Се друго е излишно да се каже.
Можеби некој убав сончев ден, повторно... или ако е потребно, секак
о. 😁

Како е да се биде командир на единствената женска единица Macedonian Warrior Girls ?
Princess Emily : Иако не носам никакви заслуги за неа, навистина е чест и гордост што моментално ја имам таа титула. 🙂


Дали си размислувала како може да се зголеми женската популација во еМакедонија ?
Princess Emily : Нека мислат машките за тоа, јас ли. xD
Сериозно, со однесувањето кое го имаат играчите овде, подобро да не се приклучуваат. Ќе си заштедат време и нерви. Во секој случај, би сакала повеќе девојки кои ја играат играва.


Зошто не се кандидираше за мис еМакедонија ?
Princess Emily : Бидејќи не сакам луѓето да ме ценат по изгледот. Внатрешноста на личноста е таа што е битна, за тоа се залагам и во реалниот живот, но таму не може да се помогне околу тоа. Oвде е сосема поинаку, и секој може да покаже што може и што поседува, без глупави дискриминации поради изгледот, кои важат за двата пола. Вредноста на личноста не секогаш е во изгледот, како што мнозинството сеуште мисли.
А и не би ставила своја слика пред сите. x)


Кажи ни нешто повеќе за тебе ?
Princess Emily : Обично не треба сам да се опишуваш. xD Јас сум девојка која сака правда, еднаквост, мир и љубов. (I want peace in the world... како на избор за мис да сум xDD) Навистина е потребно повеќе свест во сите нас, повеќе разбирање и споделување. Само така ќе си го направиме светот поубав...

Која мелодија ти ѕвони на мобилниот ?
Princess Emily : Ayo technology - Milow. Мојата омилена песна.

Филм, Музика и Хоби ?
Princess Emily : Во последниов период едвај имам време за себе, а не па за некоја активност. xD За жал. Инаку, во принцип, не сакам екстремности, тоа важи во сите сфери.


Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Princess Emily
http://www.erepublik.com/en/article/-princess-emily-2037615/1/20