ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАНДИДАТУРА! [PESCANECOT]

Day 2,495, 23:11 Published in North Macedonia Ireland by StrongeRR

Здраво драги еМакедонци и еМакедонки,

преку оваа статија сакам официјално да ја претставам мојата кандидатура за претседател на еМКД!

Во оваа статија нема да објаснувам на долго и на широко, само во кратки црти сакам да објаснам зошто се кандидирам.

Моментално еСветот се наоѓа во една многу динамична ситуација, се кројат нови пријателства, се обнобубаат старите, се планираат нови алијанси итн.

Сега е моментот да се изигра многу паметно, многу мудро, без да се подлегне на емоции и провокации, треба да се изигра политички!

Ситуацијата во која се наоѓаме не ни остава многу простор да избираме, не сме главен фактор во играта како што некогаш сме биле! Па така врвен приоритет ќе ми биде дипломатијата, стекнување на нови и задржување на стари пријатели. Како сме почнати да ги троламе сите, на крај ќе останеме и без оние малкуте што моментално ги имаме!

Што се однесува до конгресот, тоа зависи од ситуацијата во која ќе се наоѓаме, па доколку има поволности би направиле некој АС или слично, ама тоа би било во втор план. Ќе работиме напорно на дипломатијата па како резултат на тоа ќе биде и конгресот и слободните територии се во зависност од времето и просторот!

Активен играч сум, лојален и секогаш давам се за еМКД, имам доста слободно време, а и кога ќе сум на работа, работното место ми е пред компјутер па така можам кога и да треба да сум Online. Доколку испадне ситуација да не сум во можност да го сторам тоа, ќе оставам мејл и пасворд на неколку активни играчи на кој им верувам.

Стекнав вистински пријателства и лично се познавам и секојдневно се дружам со голем број на играчи, така да довербата не би требало да претставува проблем.

Планирам координаиција преку кружни пораки со командирите на единиците, претседателите на партиите, мојот тим и конгресот, секако доколку го имаме!

Во текот на кампањата ќе има уште неколку статии со кои подетално ќе ви ја образложам мојата кандидатура, мојот тим и мојте планови!

Доколку победам на изборите, ветувам дека ако не секој тогаш секој втор ден ќе има статија со случувањата во еМКД и еСветот! Практично пола од тимот ќе бидат луѓе што нон-стоп ќе пишат статии, за која било промена, за кое било случување итн. Па така сите ќе се во тек што се работи и што се случува! Па и најновата промена на Плато околу статиите ито како ќе ми ја олесни работата.

На тролачите уште сега им кажувам дека ќе ги игнорирам, а на критичарите дека ќе ги разгледувам и ќе ги земам во предвид сите критики.

На против кандидатите - НЕКА ПОБЕДИ НАЈДОБРИОТ!

Моментално сум кандидат од MO-UP но побарав, а сега и јавно кажувам дека барам поддршка и од другите партии и од сите играчи!
Затоа што ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!

Останетеми со фул здравје до следната статија!

PESCANECOT



ШАУТ
ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАНДИДАТУРА! [PESCANECOT]
http://www.erepublik.com/en/article/-pescanecot-1-2447872/1/20