План за топење на златото :) [lazarosaMKD]

Day 2,318, 02:00 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
среда, 26 март 2014
статија бр. 140





Хехе, не за џабе рекле парите се отепувачка, уште вчера му кажав на Phantom MKD дека си става трн во здрава нога, дека можеби добра идеја е лоша идеја ако е неспроведлива т.е ако е семе на раздор и нови препукувања. Ако штетата е поголема од придобивката.

Бидејќи покажавме дека најдобро функционираме кога нема пари, предлагам план во неколку точки за брзо и ефикасно 😃 😃 😃 трошење на парите но на начин со кој ќе се задржи мирот и спокојството на македонецот.

- со дел од златото да се наполни енергија за еден или два воздушни напади за кога ќе ни треба итен возд. напад да не питачиме по сојузници а воедно и да се искористи релативно ефтината цена на лебот

- останатото злато да се префрли за МПП и заедно со останатите пари во Military ќе се обезбедиме за МПП повеќе месеци

- данокот на работа и ддв-то на минимум (админите ми одговорија дека 1% е најмалку макар што Италија на пример има 0% ддв на оружје ?!) а данокот на увоз на максимум, ова одамна го апсолвиравме и грчето веќе нема да ни собира данок


Како што кажав, ако најсложни сме кога нема пари бидејќи нема за што да си ги вадиме очите, единствената потреба за МПП ќе се реализира со парите од досегашните и идните турнири и златото кое го добива државата.
Така и идните ЦреПови ќе си го симнат товарот од себе пошто нели "сите црепови се кандидираат за да лапаат злато" т.е виновен си уште нестапнат на функција.

А ние, како во секоја приказна, ќе си живееме среќни ем весели до крајот на нашите животи....