Последно Претседателско обраќање [KocoskiMKD]

Day 1,995, 05:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija
Здраво на сите!

Мандатот ми заврши и моја должност е да објавам завршна статија и да се изјаснам зошто испаднаа вака работите.
Знаете како започнавме првата недела со турбо работа, напади,удари,поделби,организација и состаноци се беше во најдобар ред, но поради обврските што ги имав со работата (дома сум доаѓал за да преспијам буквално) се случи тоа што се случи: неактивност,неодговорност,никаква ажурност... сам себе се критикувам ЗАТОА ШТО најпрвин јас сум тој што сака да биде се во најдобро светло, НО ќе кажам ова е сепак само игра, а Реалниот Живот е пред се друго, ова еден ден ќе престанеме да го играме, а животот продолжува понатаму...

Од моја страна сакам да се извинам поради мојата неактивност, а од друга страна ние ништо не изгубивме околу ресурсите, се затворивме долу и снажно ги држиме териториите, ресурсите останаа непроменети, треба да бидеме задоволни со ова што го имаме, НО секогаш може подобро!

Така да на наредниот претседател му посакувам многу успех, потребно е желба и време, знаењето се стекнува со време... имаме одлични познавачи на политиката кои се секогаш тука да не посоветуваат.

Им благодарам на сите што беа во мојот тим и академијата, ви благодарам што ме трпевте цел месец без да ми дадете импич и несакавте да ме посрамотите иако јас се палев само 2 пати дневно!

Еве шанса за троловите да се искажат и да си го покажат вистинското лице, јас самиот сум свесен и знам што значи одговорноста за функцијата претседател и затоа се нафатив, но во меѓувреме ми излегоја непланирани работи и толку со слободното време.

Голем поздрав до сите, бидете ми со здравје и ви посакувам се најдобро!

Претседател на Македонија
KocoskiMKD