Кандидатура за претседател на еМакедонија (ikonomista)

Day 3,512, 04:14 Published in North Macedonia North Macedonia by ikonomista

Поздрав Македонци и Македонки,
поздрав Македонијо!

Инспириран поради раздорот кој владее кај дел од играчите во еМакедонија,решив на следните избори кои се одржуваат на 05.07.2017(среда) да се кандидирам за нејзин претседател.Доста беа поделби,да ставиме крај на раздорот кој владее кај нас,дојде време да се обединиме!Оставете го минатото на страна,моментално имаме убава можност да испишиме нова историја,коцките ни се наредени!
Да освоиме се што може да се освои,да помогнеме на секој кому му е потребна помош,да си помагаме помеѓу себе,затоа и се регистриравме на играта.


НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Тука нема дилема,остануваме рамо до рамо со еСрбија,еБугарија,еРоманија, проАстерија земја.Не знам како стоиме моментално таму,но ќе се разговара со сојузот за подобрување на односите со земјите членки,да станеме поблиски со нив па зошто и да не влеземе во него,секако доколку има можност за тоа.
Колку појака дипломатија, толку појака земја!


ВОЕН ПЛАН

И тука нема дилеми,приоритет е окупацијата над еГрција.Ќе се разгледа можност за напад на некој нова држава,да ја направиме играта поинтересна и позабавна.Ќе се координираме со нашите сојузници,доколку се биде како што треба и ќе нападнеме.


ВОЈСКА

Моментално имаме буџет околу 3.000.000 денари месечно,секој ден на трезорот се собираат по околу 100.000 денари.
Ќе воведам поделба на оружје за нашите војници,време е да се помогне на тој што нема за тој да и помогне на Македонија.Дали тоа ќе треба да се дојде на чат,или да се пополни формулар ќе видам.Ќе се дели кога Македонија ќе има поинтересна битка,која ќе биде неизвесна и во која многу ќе се пука.Со поделбата на војникот ќе му остануваат значителен дел на финансиски средства со кој побрзо ќе може да си отвори фирма,крени ранк на теретана итн итн.

Ќе направиме и неколку огномети,ќе се собереме на чат сите Македонци и ќе пукаме истовремено.Со однапред утврден термин за да можат да видат и двокликашите објавен преку статија,мислам дека би можеле да успееме во оваа намера.

Играчите кои имаат купено пакови ќе бидат дополнително финансирани од владата кога ќе се пука за Македонија,дали рефундот ќе биде во вид на оружје или денари ќе видиме.Уште првиот ден ќе отворам формулар кои ќе треба да го пополнат сите кои ги имаат паковите,да знам Македонија со каква снага располага.

Секојдневно ќе излегуваме со статија во која ќе бидат прикажани приоритетните битки,највеќе корист од ова ќе имаат двокликашите бидејќи не знаат каде да испукаат кога пукаат.На посебен канал ќе ги објаваме и сигурните востанија за тие што се активни да можат да ќарат по 5 голд секој ден.

Најголем дел од буџетот ќе оди за CO,битките мора да се победуваат,Македонија мора да оди напред!


ВЛАДИН ТИМ

Тим составен од активни луѓе кои имаат слободно време и ќе се посветат на играта,сигурен сум дека ќе дадат се од себе за да и помогнат на Македонија.
Во владата покрај мене ќе членуваат и : FlicGod, SvarogTheGreat, DespotMKD и alekso III.

На крајот од мандатот владата ќе излезе со отчет во кој ќе пишува каде точно,за што и колку пари се потрошиле во нашето владеење.До најмала ситница,секојдневно ќе се води евиденција!


Сите предлози се добредојдени,добронамерните критики уште повеќе!


За малку ќе заборавев,приклучи се и ти во Македонија на Македонците,да се обедииниме! https://www.erepublik.com/en/party/makedonija-na-makedoncite-5360/1


п.с Ги повикувам сите Македонци кои се резиденти на други земји да се вратат назад во Македонија,кога се регистриравте на играта се регистриравте за да и помогнете на Македонија,не заради ваш личен интерес!


Да живее Македонија!
Македонија на Македонците!


Кандидат за претседател на еМакедонија,
ikonomista