Последно претседателско обраќање [huroto]

Day 2,999, 09:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija




Добар ден Македонци и Македонки



Пред се сакам да им се заблагодарам на сите оние кои гласаа за мене и ми дадоа шанса да ја водам државата, се трудев максимално да се придржувам до приоритетите што ги наведов во мојата прва статија.
Збиднувањата кои го бележат изминатиов месец беа по оширно опишани во статијата на министерот за информации, за да не се повторувам со него би ви препорачал да ја прочитате и вие. Леле што направивме [МЗИ]





Приоритетите за изминатиот месец беа следни.


1. Да ги задржиме моменталните региони, евентуално да добиеме уште некој ( шансите за да добиеме плус некој регион се големи )

Војната со нашиот јужен сосед беше не избежна а во неа влеговме просто “исцедени”, резултат на тоа е губењето на оригиналните територии но со тек на време се ќе си дојде на свое место.
Со новиот Индиски договор добиваме 4 региони или 4 ресури кои ги немаме, договорот може да го прочитате тука


2. Преговорите веќе се во тек, и се договара тренинг војна во која од вас ќе барам исклучителна дисциплина. Ако не се следат наредбите си правиме штета сами на себе. Бенефит од тренинг војната мислам дека нема потреба да го објаснувам само ке напоменам дека нема да се трошат пари од трезорот за неуспешни востанија а ќе имаме каде да пукаме за ВП секој ден.

Со тренинг војната само ја прикажавме нашата (не)послушност на бојното поле.


3. Да помагаме на сојузниците. Војната помеѓу Индонезија (нашиот верен сојузник) и УСА (нашиот верен непријател) веќе започна и би ве замолил сите да се сконцентрираме на таа војна и да помогнеме колку можеме на Индонезија.

Со акцијата што ја спроведовме заедно со Бугарија и Чиле успеавме да ја ослободиме Индонезија и да обезбедиме договор за не напаѓање во рок од еден месец со можност за продолжување на истиот.





И за крај следи финансискиот отчет.
Пуштени беа 3 донации од трезорот до НБРМ. Две во висина од 400 000цц и една од 387 000цц(оваа донација стои усте во НБРМ). Сретствата во вредност од 800 000цц беа искористени за следните намени.

120 000цц Акција која ја започна претходната влада "Пакети за децата" а ние ја продолживме.
25 000цц На моја иницијатива но со претходна консултација на конгресот одлуцивме оваа сума да му ја донираме на Индискиот диктатор кој во тренинг војната потроси 85к+ од свои приватни средства.

15 000цц КО во тренинг војната

640 000цц Најголем дел од овие средства или 540 000цц беа потросени во диктаторската војна а останатите 100 000цц во нападот на Манитоба. И тука би додал дека ја подрзувам идејата за превентивна диктатура која како сто гледате во овој случај ке ни беше од голема корист.

Сакам да му се заблагодарам на анонимниот обожавател кој ни го наполна авионот, сите оние кои ја бранеа демократијата и посебен поздрав до индискиот диктатор Pizzarayne за неговата несебична донација. Исто сакам да се заблагодарам на министрите, старите/новите конгресмени и сите оние кои сами се понудија да помогнат.




Месецов можеше да биде и по добар тоа и сам си го признавам, али како за прв пат мислам дека не бев толку лош.
Народе тоа е се од мене останете ми со здравје и очекувам ваше пофалби и критики за сработеното.




Претседател на Македонија
huroto