Hintergrund an/aus

Anmelden

 

Weiter

Weiter Mit Erstellen eines Benutzerkontos akzeptierst du die Nutzungsbedingungen & die Datenschutzerklärung

Интервју со Girl from MACEDONIA

Tag 1,820, 11:40 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republik Mazedonien (EJRM) von VardarEgejPirinMacedonia


Уште едно интервју со наша добро позната еСограѓанка :)

Што помисли прв пат одкако се логираше на играва ?
Girl from MACEDONIA:Хмм пред да ја почнам играва за неа слушав од Игор со месеци , потоа знам дека требаше да останам дома неколку дена сама поради x причини.. и си реков ајде за да не ми е досадно ќе почнам да ја играм. Чекор по чекор ми кажуваше ај сега работи, сега тренирај, немој да се бориш слаба си сеуште итн.. неколку пати се запрашав. Што ме натера и зошто воопшто го играм ова чудо. Ми беше досадна на почеток, имаше денови кога ја играв кога не..После станав дел од лавови и се заразив :D

Кој е игор ?
Girl from MACEDONIA::Dдечко :D љубов пред erep :D сегашниот acc и не му е многу постар од мојот.. но фактот што имаше друг acc пред овој..само по себе говори фактот што повеќе од еден месец ми зборуваше за играта.. А сега јас сум онаа која е по аразена од него, а тој полека полека се откажува..

Зошто играш еРепаблик ?
Girl from MACEDONIA:На почетокот беше од љубопитство и од забава.. Како што времето поминуваше стана моја рутина. Станувам и одма уклучувам ереп да ги завршам дневните обврски, да видам со што не изненадиле админите, за што има препукување и карање, која е новата љубов на ереп..

Сметаш ли дека во моментов постои стагнација на играва, и како може да се надмене проблемот ?
Girl from MACEDONIA:Тотално сум надвор од играва последниве неколку месеци а и кога ќе се уклучвам тука се истите личности, истите проблеми, истите препукување, се е исто и тоа е еден вид стагнација..Очигледно немаат асови во ракавот админите и се е сведено на рутина во играва. Нема нови играчи или па ако ги има сигурно се стари банирани играчи или мултиња..

Имаш размислувано за тоа како би привлекла повеќе девојки на играва ?
Girl from MACEDONIA:Имам пробано да ги заразам другарките им се имам качувано на глава со играва ама џабе не ги привлекува. Едноставно на играва нема ништо што девојки го сакаат..мода, козметика бла бла.. Но затоа има дружење ама очигледно не им е доволно.. Нема сите начини се испробани, или е до нив или до мене :D А мислам дека треба и едно ново, добро и масовно рекламирање на играва. Така сигурно ќе имаме уште некој бран нови играчи а меѓу нив и неколку девојки..

Ти си една од ретките девојки која има две медали од конгрес, зошто не си продложила да се натпреваруваш за претседателската, и кажи ми ја генералната слика според тебе за политиката на играва ?
Girl from MACEDONIA:Да имам два конгресменски медали и горда сум што можам да кажам дека ниту еден глас немам купено, а за претседателскиот неколку пати пробав без вистинска намера, без тоа стварно да го посакувам туку од забава и да им земам некој глас на фаворитите. Има многу во играва кои се обиделе да ја кројат судбината на еМакедонија. Некои добро се покажаја ама некои.. Кога некој ќе реши да се занимава особено со функцијата епретседател искрено очекувам да се посвети доста време на играва и чесно да игра, нека земе и награда ама нека не го уништува тоа што другите пред него го граделе заедно со народот. Сепак, не сум јас таа која треба да суди што е како е во еМакедонија особено не сега кога што се вели не знам ни кој е претседателот и неговиот тим. А уште помалку кој е конгрес тимот.. Во една таква ситуација кога сум тотално надвор од играва не ни помислувам да одам на претседателски мандат, без разлика што се мали шансите да победам., сепак кога би се одлучила на еден таков потек тоа би било кога би имала многу време и многу познавање од ситуацијата.

Како се одлучиш за името ?
Girl from MACEDONIA:Па Girl from MACEDONIA не беше мојата прва опција, најпрво сакав цели име и презиме, ама па после се премислив и си реков нема потреба од толкава формалност, па се решив за тоа од проста причина што знаев дека немаше многу девојки на играва и што немаше и многу играчи од Македонија.

Ќе ни откриеш, нешто повеќе за тебе ?
Girl from MACEDONIA:Кога толку ве интересират :P Некои од вас ме знаат, некои не. Јас сум од Охрид , моментално студирам во Скопје на правниот факултет насока-политички студии. Првиот колоквиум го исчистив, држете ми среќа за наредните, особено за испитите. Сакам да излегувам, да се дружам.Се опуштам со слушање музика и многу сакам да готвам некои откачени и несекојдневни специјалитети. И да обожавам вино. Доволно ?

Која мелодија ти ѕвони на мобилниот ?
Girl from MACEDONIA:Волим осмех твој :)

Доколку не би постоела играва, со што би го заменила времето кое го трошиш на неа ?
Girl from MACEDONIA:Ух со многу работи. Повеќе би читала тоа сигурно, потоа би гледала филмчина. А за излегување и дружење наоѓам време без разлика што губам време на играва.

Како би ги мотивирала читателите на Што Има Ново, за да не се откажуваат од играва ?
Girl from MACEDONIA:Па како да ги мотивирам како што јас сама си се мотивирам, ајде Наташа кога ќе стигниш до GoW ќе почнеш да размислуваш за тоа. Стигнав до legendary force *** наредно е тоа, па сега си мислам ајде кога ќе стигнам до сила 25к тогаш ќе видам што ќе правам.
Едноставно нема лек од играва, така длабоко навлегла во мене а верувам и во повеќето и е еднаква на миење лице на утро. Па ако престанете да го миете лицето наутро , престанете и да ја играте играва..
И не заборавајте ја целта на играва, тука сме за да се забавуваме и опуштаме, да заборавиме на проблемите од рл, а не да ги лечиме досадувајќи и малтретиајќи ги другите околу нас.



Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Girl from MACEDONIA
http://www.erepublik.com/en/article/-girl-from-macedonia-2156462/1/20
 

Kommentare

El Che G
El Che G Tag 1,820, 11:45

o/

Ivooo Kos
Ivooo Kos Tag 1,820, 11:48

OhriT,
Natasha more se zaboraivme...

MissPaunova
MissPaunova Tag 1,820, 11:52

o/

Voix of Macedonia
Voix of Macedonia Tag 1,820, 11:57

o7

Mr.Santino
Mr.Santino Tag 1,820, 11:58

ok...fali intervju so mene ako sakas da imas uste 1000 pretplati
o7

elAngelo
elAngelo Tag 1,820, 12:03

вот

dimzaaa
dimzaaa Tag 1,820, 12:11

цицки не е на одмет

Kate N
Kate N Tag 1,820, 12:35

\♥/

Aspadora
Aspadora Tag 1,820, 12:39

Sakame i SLIKI !

Prilep4an4e
Prilep4an4e Tag 1,820, 12:39

o7

Aminta Makedonecot
Aminta Makedonecot Tag 1,820, 12:39

дубле О 7

Ace Veles
Ace Veles Tag 1,820, 12:41

o7

serginius73
serginius73 Tag 1,820, 12:48

v + sub

Black Snakee
Black Snakee Tag 1,820, 12:58

o/

HannyaTR
HannyaTR Tag 1,820, 13:00

Q6 Silah Dağıtımı / Q6 Weapons Giveaway
http://www.erepublik.com/tr/article/q6-silah-da-t-m-q6-weapons-giveaway-2156382/1/20

B a z e
B a z e Tag 1,820, 13:03

o7

Martin Tashkoski
Martin Tashkoski Tag 1,820, 13:58

natka rules : ) o/

mandanata
mandanata Tag 1,820, 14:12

о7

Tio Lucho
Tio Lucho Tag 1,820, 14:31

v

Jurukov
Jurukov Tag 1,820, 14:34

o/

NO CARRIER
NO CARRIER Tag 1,820, 15:07

о7

warriorMKD
warriorMKD Tag 1,820, 15:15

носталгија...
о7

OFLU ONUR
OFLU ONUR Tag 1,820, 15:48

v

McFresh
McFresh Tag 1,821, 23:46

o7
a wendy ja znaes ?
))))

Girl from MACEDONIA
Girl from MACEDONIA Tag 1,821, 00:14

Ja znam wendy

Kpakep4e
Kpakep4e Tag 1,821, 04:13

v

Felllix
Felllix Tag 1,821, 13:58

o/

ApocalipseMNA
ApocalipseMNA Tag 1,821, 14:00

o/

DarkoDimovski1
DarkoDimovski1 Tag 1,821, 14:50

o7

MaLoUmEn
MaLoUmEn Tag 1,822, 03:03

нема цицки нема воут...

Хејл МултивитаминС!!

 
Deinen Kommentar veröffentlichen.

Was ist das?

Dieser Artikel wurde von einem Bürger von eRepublik, einem interaktiven Mehrspieler-Strategiespiel auf Basis real existierender Länder, geschrieben. Erstelle einen eigenen Charakter und verhilf deinem Land als Kriegsheld, anerkannter Zeitungsherausgeber oder einflussreicher Finanzmann zu Glanz und Gloria.