Интервју со Претседателот Felllix

Day 2,123, 10:41 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Пред повеќе месеци, договоривме интервју кое не се реализираше, но било речено интервјуто да биде кога ќе стане претседател на мое огромно задоволство, а се надевам и на ваше Felllix

Зошто се кандидираше од MRDLjS,
и дали повторно партијата ќе биде фактор на политичката сцена ?

Felllix : MRDLJS е првата партија во која сум членувал подолг период и партијата секогаш била фактор на политичката сцена.

На што се должи, твојата убедлива победа ?
Felllix :Мојата убедлива победа се должи веројатно на мојата активност во играва и на незаинтересираноста на противкандидатите сериозно да се зафатат со изборите, а потоа и со функцијата.

Пред да започнеме со прашањата за еМакедонија, исто така си бил претседател на еЧешка, дали има разлика меѓу двете еДржави, одкаде идеата за да се кандидираш за претседател и дали користеше google translate или знаеш чешки ?
Felllix :Играта е променета од моето претседалтствување со Чешка до сега. Тогаш воениот модул беше покмплициран и можам да кажам дека Чешка беше можеби и понапорна од тој аспект, додека Македонија е покомлицирана на дипломатски план. Инаку комуникацијата со Чешките играчи беше на англиски, иако после 6 месеци следење нивни весници можам да кажам дека разбирам чешки и без google translate. Сроден јазик е на Македонскиот.

Одкако стана претседател на еМакедонија, која е твојата првична оценка, пошто едно е да се биде кандидат да си претседател и да ги имаш сите информации ?
Felllix :Генерално ги имав информациите и пред да станам Претседател и знаев што ме очекува. До сега работите одат според очекувањата.


Во минатото имаше неколку претседатели кои даваа отчет за потрошеното, дали во твојот мандат ќе дадеш отчет ?
Felllix :Министерството за финансии функционира од моментот на првата трансакција направена од NBM и се се евидентира. Исто така се евидентираат и позајмиците на нашите играчи кон државата кои до моментов се во висина од 35к cc. Отчет ќе има секако.

Дали еМакедонија има капацитет за целосно ослободување ?
Felllix :Во моментов ние неможеме да опстојуваме подолгорочно на оригиналните територии нити па треба да се инсистира на тоа. За мене Македонија е таму каде што има зелена боја на мапата, пошто сепак ова е игра.

Зашто не се организира голема донација на средстава во Macedonian Army, сите да донираат, кој колку има макар и по 1 денар, и дали Macedonian Army е иднината на еМакедонија и да биде една единица или да има и други ?
Felllix :Во претходните две мои обраќања апелирав за донации во Macedonian Army или пак за позајмица кон државата, истото го апелирам и во оваа прилика. Од додавањето на CO опцијата војните се водат со пари и колку повеќе пари имаме во единиците, сигурноста ни е поголема.
Што се однесува до Macedonian Army мислам дека е најдоброто нешто што ни се случило во играва во последниов период. Играта е динамична и можеби во иднина ке биде потребен некој друг концепт на организација ама во моментов мислам дека "One Нation-One Army" концептот е најдоба

Каков е нашиот однос со сојузниците, на кое ниво ?
Felllix :Сум бил претставник и во exONE и сега во CoT. Македонија е респектирана земја помеѓу сојузниците. CoT е алијанса каде случувањата се одвиваат по договор и без скриени агенди за разлика од exONE. Најдобар показател за нашиот однос со сојузниците се Македонските битки, во кои гледаме аватари на сите наши сојузници без исклучок.

Дали е можно да создадеме повеќе пријателств со земји кои не се во сојузот, особено со сocедите ?
Felllix :Ако прашањето се однесува на Албанија комуникацијата постои, исто така имавме и взаемна помош во битките. Што се однесува до Србија во моментов мојот став е дека треба да бидеме неутрални бидејки и двете земји немаат некој голем интерес да се во отворен конфликт во моментов. За јужниот сосед неверувам дека односот некогаш ке се промени, пред се од нивна страна.

Септември веќе започна дали е во план бејби бум ?
Felllix :Имаше најави за BB, меѓутоа за жал до сега нема ништо конкретно.

Пред повеќе месеци беше лидер на Immortals,
што се случува со единицата денес ?

Felllix :Единицата беше еден период во Чешка како ImmortalS Cz и по формирањето на Macedonian Army членовите беа префрлени во Армијата.

Каква врска имаш со Felix Baumgartner ?
Felllix :Имаме по еден Y хромозом двајцата 🙂

Зошто го избра името Felix и кажи ни нешто повеќе за тебе ?
Felllix :Феликс настана оној момент кога првпат седнав на комјутер и требаше да внесам ник. Немам некоја посебна поврзаност со никот освен што по навика во сите игри сум под тој ник. Во RL имам 35год, Доктор сум по професија, сопруг и горд татко на мојот четири годишен син.

Музика, филм и хоби ?
Felllix :Музика: Рок, Блуз, електроника; За филмови немам баш многу време; хоби: возење точак со синот.

Порака до читателите ?
Felllix :Останете ми живи, здрави и весели 🙂

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Претседателот
http://www.erepublik.com/en/article/-felllix1-2317754/1/20

Интервју со Felllix
http://www.erepublik.com/en/article/-felllix1-2317754/1/20