Сите што што трошат поголем дел од времето на eRepublik

Day 1,151, 08:08 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Седењето може да предизвика сериозни проблеми со здравјето. Но, според истражувањето на Универзитетот Квинсленд во Австралија, ризикот од здравствените проблеми поврзани со предолгото седење може да се намали значително доколку практикувате да направите кратки паузи, во времетраење дури и од само една минута, а опфаќаат било каква активност која не е седење на биро.

Истражувањето објавено во The European Heart Journal дополнително го потврдува фактот дека седењето е исклучително штетно по здравјето, бидејќи луѓето кои долго седат имаат поширока половина и пониско ниво на добриот HDL холестерол.
"Нашето истражување покажува дека дури и малите промени како станувањето на барем една минута, можат да помогнат во намалувањето на здравствените ризици", вели др. Џеневив Хили од Универзитетот Квинсленд, водителката на истражувањето.
За да немате болки во грбот, проблеми со дебелината или лигаментите, срцеви болести или депресија, правете често кратки паузи. Станете, истегнете се, прошетајте се или искачете неколку скали.

Практичните предлози кои ги препорачуваат докторите се:
- Пијте доста вода на додека играте, за да морате често да одите до тоалетот
- Додека зборувате на телефон, станете и телефонирајте стоејќи
- Правете го далеку од столчето - ништо нема да ви биде доколку постоите половина час.
- Предметите како мобилен, корпа за отпадоци и слично ставете ги подалеку од вас, за да бидете принудени да станете кога ќе ви затребаат.