Интервју со El Che G

Day 1,648, 03:31 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

Од предходното интервју многу работи се изменија кај него, го банираа, па се врати назад со голем елан и се одлучи да стане претседател дефинитивно имаме за што да разговараме, а воедно ова ќе биде прво интервју со слики како е да се биде претседател пошто сите ќе ја немаме таа шанса па затоа во текот на интервјуто ќе следат неколку слики од профилот на претседателот.

Ќе започнеме од онаму каде што заврши првото интервју,тогаш ја формираше единицата Baby SQUAD дефинитивно успешен проект и стално си велам каде беше пред година ипол за првиот бејби бум, дефинитивно еМакедонија ќе беше многу помоќна денес, од каде ја доби идеата за Baby SQUAD ?
El Che G : Голема заслуга за тоа има Шмеки и неговите фикс идеи 🙂
Значи Бејби Сквад почетно беше формирана и финансирана од Конгресот и фамозната наплата на државјанства...Нејзиното функционирање понатака го помогнаа и голем број добротвори...
И ДА,Македонија денес ќе беше многу помоќна,ако уште на самиот почеток постоеше една ваква инстируција.Дефинитивно ќе беше далеку поголем процентот на задржани играчи во игра доколку државата посветеше барем малку повеќе внимание на е-бебињата.


*копчето за напад
Стално кога ќе сретнам играч со мал левел го препорачувам кај тебе и потоа тие што сум ги препорачал ми се заблагодаруваат и ми кажуваат убави зборови за твоето работење, постојано си им се наоѓал за совети, постојано им делиш леб и оружје, прашањето е како успеваш да постигнеш со оглед на тоа дека имаш рл живот дали имаш соработници , и како функционира единицата ?
El Che G : Не треба многу време за да му помогнеш некому.2 клика DONATE и по некој ПМ како совет и насока по која би требало да го градат акаунтот.Се на се пола саат на ден
Интересно е што и самите бебиња(веќе џуниори)почнуваат сами да си помагаат
Така се гради едно здраво е-општество и така Македонија добива перфектни воини(не само по сила,економски изграден акаунт)туку и лојални и полсушни поданици.


Бебињата пораснаа а се помалку се доаѓаат нови
имаш ли план за промоција на играва ?

El Che G : Да.Тоа беше и едно од моите изборни ветувања.Медуимска кампања.Само работите некако бавно се движат.Но,упорен сум....

Беше баниран и се врати со гомем елан, зошто ?
El Che G : Заради сите Македонци кои ми помогнаа да се вратам во живот
Не ми се веруваше колку донации добив и пораки со подршка(над 1 000) 🙂


*копчето за COD
Зошто одлучи да се кандидираш за претседател и очекуваше ли толку голема подршка ?
El Che G : Се зезнав брат.И беше случајно,без план.Масло на Персеј Македоски.На почетокот мислев дека е некој баг,ама кога стигна подршката од сите е-партии,решив да не ја повлекувам кандидатурата.

Како сакаш да ти се обраќаат со Претседател или Прецеадател ?
El Che G : Со Ел Команданте или брат(оставам на Вас).

Имаш ли некои нови идеи за рефундот што ќе ги спроведеш ?
El Che G : Па веќе се почна со реформите во Армијата
Фалангата е активирана пак
се воведе нова групација ВОЈВОДИ (2 500- 4 500 удар)
а се планира и формирање на единица за ситните утрински часови(за оние со несоница)-нешто
активиран е и Каналот за поделба на цивили-само страшно слаба заинтересиранист(штета)


*предложување на плус закони
Кого ќе напаѓаме, со кого ќе бидеме во добри односи, а со кого неутрални, каква е твојата стратегија која ќе ја примениш ?
El Che G : Тоална војна со јужните:ние не губиме ништо,ама тие губат реални пари-да видиме до кога
Најблиски сојузници:Бугарија,Унгарија,Србија и Индонезија.


Како е да се биде претседател, кажи ни ги обврските ?
El Che G : Ако навистина работиш-страшно тешко и бара многу време и посветеност и дефинитивно откажување од РЛ
Премногу договори,преговори,задкулисни игри,гаснење пожари дома...

Зошто те викаат доктор ?
El Che G : Затоа и што сум 😛

Да не биде сериозен разговорот, кажи ни некоја смешна случка од играва или пак виц ?
El Che G : Смешна ситуација?
да го отвориш мојот профил и да видип какви не се пораки имам...

и за крај

1.ТРЕНИНГ
2 ПРЦАЊЕ УТРИНСКО
3.РАБОТА НАВЕЧЕР(ако не сме уморни)
Тоа е секојдневната рутина
Обединети и во победа и во пораз!!!
п.с.
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И ОБЕДИНЕТА



Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со Претседателот + слики
http://www.erepublik.com/en/article/-el-che-g1-2043512/1/20

Интервју со El Che G
http://www.erepublik.com/en/article/-el-che-g1-2043512/1/20

Интервју со Ел Команданте
http://www.erepublik.com/en/article/-el-che-g1-2043512/1/20

Интервју со Братот
http://www.erepublik.com/en/article/-el-che-g1-2043512/1/20