Како до посилна Македонија? [EDIT]

Day 1,163, 05:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Nsan1ty

Со организација нормално!

Како што гледате имаме востание во Источна Македонија и со многу надеж дека ќе биде успешно. До пишувањето на статијава е 5 - 3. Последните 3 битки се добиени од противникот. Зашто? Бидејќи се поорганизирани. За тие што ќе кажат дека имаат скрипти или дека користат нешто друго ќе ги замолам да си го задржат мислењето за себе, бидејќи статијава нема таква цел.

Целта на статијата е за да се организира Македонската популација со сила над 1000. Дали некој од играчите (постарите) има направено математика колку можат повеќе да придонесат тие играчи наместо BattalGazi? Не ме сфаќајте погрешно, BattalGazi е топ и супер е да се тепа за нас (со наше злато, секако).

Поентата ми е ова. Во Македонија моментално има 51 играч со сила над 1500, и 120 играчи со сила над 1000.

Најслабиот играч со 1500 сила, со тенк Q5, прави 673 со удар, што значи просечно со 2 удари треба човек да се бутне ќе направи 1346. Финансиите кои што му се потребни за ова се не повеќе од 7-8 злато, од кој 2 злато оди само за лечење на 300 енергија, а другото оди за тенкови.
35 х 1346 = 47110

Најслабиот играч со 1000 сила, со тенк Q5, прави 410 со удар, што значи просечно со 2 удари треба човек да се бутне ќе направи 820.Финансиите кои што се потребни за ова се не повеќе од 7-8 злато, од кој 2 злато оди само за лечење на 300 енергија, а другото оди за тенкови.
35 х 820 = 28700

Е сега вака. Да претпоставиме дека на BattalGazi му е дадено 16 злато (сите знаеме дека е многу повеќе). BattalGazi прави 2771 со еден удар, со тенк Q5, и нормално се лечи со healthpacks.
20 х 2771 = 55420

47110 + 28700 = 55420 ?????
8gold + 8gold = 16gold

Сега следува интересниот дел од статијата... Да требаат тенкери, ама нема потреба од тоа цело време да бидат тука кога имаме на располагање армија што е рамна, па дури и појака од бугарската. Не велам да престанеме со комплетно финансирање, ама да пукаат тенкерите во последните 5 минути од рундата без прекин, вклучувајќи ги и нашите играчи од по 1000+ сила, рундата е сигурно наша. Ете некогаш ќе се потрошат играчите и ќе нема веке некој што ќе може да пукне. Е тука веќе треба да се троши злато на тенкери, во поголеми количини.

Да се надеваме дека статијава ќе догура некако до ТОП 5, бидејќи чисто ме интересира што мислат постарите играчи. Доколку ви се допаѓа статијата ве молам во шаут напишете го ова, нормално без местото пред првиот [url

[ url=http://www.erepublik.com/en/article/-1-1654975/1/20]ГЛАСАЈТЕ ЗА ВО ТОП 5!!![/url]

П.С. Доколку некои поединци искоментираат дека требало да се влезе во АРМ за да се функционира вака ќе бидат игнорирани (барем од мене). Ако е веќе тоа така, зашто BattalGazi не е во АРМ? : )

Edit: @dzadzev + infinity!

Инаку рачунам 35 удари бидејќи сите на почетокот на денот се со 100 енергија и имаат 300 енергија за лечење. Што значи сега по ново би изгледало вака.

1500 сила со Q5 тенк ќе прави 673 односно вкупно влијание од 23555
1000 сила со Q5 тенк ќе прави 410 односно вкупно влијание од 14350

23555 + 14350 = 37905
Но, сеуште стојам на фактот дека ние го кренавме BattalGazi да прави толкаво влијание. Да се започнеше уште од почеток вака, потполно сигурен сум дека ќе правевме повеќе. Извинете уште еднаш за лошата математика.