Интервју со darko888

Day 2,139, 06:37 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia


Добив повеќе пораки за да направам интервју со darko888 играч кој или го почитувате или го мразите, но факт е дека секогаш привлекува внимание со статиите кои ги пишува.

Неколку пати имаш кажано дека си на играва веќе неколку години, зошто не играш од првиот профил и кое било името или дај линк да видиме кој си бил во минатото ?
darko888 :За играта дознав пред 2 години и почнав да играм на мојот стар профил darko555 кој на јули 15 оваа година беше трајно суспендиран. Во 2010 тој профил го играв многу кратко па затоа и ми е 24 левел, но ова лето повторно добив желба за играње на Ерепублик и така започна се. Почнав да играм на стариот профил но откако ми беше суспендиран го направив овој профил darko888 и си направив нов весник А1 erepublik. На стариот профил кој беше суспендиран мојот весник се викаше А1 Newspaper и исто така објавуваше стории и вести од секаков тип. Оваа информација ми е неколку пати јавно кажана па дури и во статиа. На мојот весник А1 ерепублик во информациите пишува дека е продолжение на банираниот А1 Newspaper.
Линк до стариот профил.

Од каде дојде со идеата да имаш весник, и зошто името А1 ?
darko888 :Идеата сама по себе дојде, односно ми дојде идеа да креирам уникатен македонски весник кој ќе го потполне слабиот медиумски простор во Македонија и ќе даде нешто различно од владините медиуми. Се разбира името за таквиот весник најмногу одговора на името на најгледаната телевизија во независна Македонија која само и само со критики кон било која влада и со професионализам како на светски медиум успеа да стигне до првото место на медимскиот простор во Македонија и за брзо да ја освои довербата на граѓаните. Таквиот начин на известување со критички став и аргументи го спроведува и А1 ерепублик па затоа сега е најчитаниот невладин известувач на вести во еМакедонија.

Постојано велиш дека твојот весник ја застапувал опозицијата, до сега немам видено закон да е донесен каде што се изедначени гласовите со за и против, најчесто за некој закон има пет гласа против што значи во конгресот нема опозиција, од партиите ниту една нема таква структура за да биде критчки настроена, се случува да напише играч нешто против но тој не е партија, сите стануваат конгресмени за 5 златника, и уште многу примери можам да ти кажувам што на крај од денот се доаѓа до заклучок дека ти си самиот опозиција ?
darko888 :А1 не ја претставува опозицијата и тоа се докажува со исто така големиот број на статии кои беа објавени за другите партии со критички став. Последна од типот на тој вид статии е статијата за скандалите во партијата МРДЛЈС. Секако дека останатите партии неможат да направат малверзации, скандали,лаги, манипулации бидејќи тие не се на власт па затоа најчесто таквите работи ги прави владата која ја има целосната моќ врз општеството.

Дали пишувањето против владата и одредени играчи ти е со цел да изнудиш пари од нив за да не пишуваш ?
darko888 :За ваква идеја никогаш не сум размислував ниту знаев за ваква можност. Но и да ми нудат пари јас нема да ги прифатам бидејќи мене парите во виртуелна игра не ми се толку битни колку што самиот рејтинг на весникот и известувањето за народот кој заслужува да ја знае секоја информација која се случува во Македонија и во светот.

Зашто не си критички настроен против оваа влада и претседател, дали придонесе тоа што ти платија статија ?
darko888 :За оваа влада досега не пишувам бидејќи немам дознаето никаква информација или вест, можеби тоа се должи затоа што многу малку време поминувам на интернет поради обврските кон школото и кога поминувам време на интернет времето го трошам на Твитер и мојот блог. Но можеби и оваа влада ќе биде како на Akconel која што за време на мандатот немаше направено никакви грешки ниту малверзации колку што знам јас, осве што немаше територијални усвојување но тоа се должеше на ситуацијата создадена од мандатот на Крсте83. А за разлика од мандатот на Krste83 кој направи низа манипулации како на пример аферата исчезнати златници, плаќање на DSW единицата за да се боре за Македонија а притоа да им плати голема сума. Тогашните државни каси се испразнија за на крај тој да го направи неуспешниот воздушниот напад врз Пакистан па Македонија да стане мета на исмејување и да загуби уште големи средтсва. Овие случувања исто така беа критикувани во А1 Newspaper (стариот венсик). За случувањата со Персеј Македонски нема потреба да ги набројувам сите манипулации, лаги и малверзации бидејќи случувањата беа во скоро време но морам да ја напоменам кампањата која се водеше против А1 во неговиот мандат и која беше предводена од него и од неговата влада за уништување на рејтингот на А1 и покрај тоа што тој во предизборието покажа желба за критики.
Уште еднаш ќе кажам дека парите не ми се битни во виртуелна битка па затоа и не ми е важно дали ми платиле статиа. Статиата ми беше платена од UNISTUVAC MKD со кој имам добри односи и кој и ми побара самиот да напишам статиа.

Колку време е потребно, да се сотави статија и како ги прибираш информациите освен што шетеш по единици и партии ?
darko888 :Да се состави статија потребно е многу време, прво да најдиш информации, да направиш интервјуа или пак да чекаш изјави во врска со веста. Откако ќе ги имаш потребните информации и изјави потребно е да ја пишуваш статијата околу пола час и плус да направиш принтскритови, да ги објавиш на интернет и да ги ставиш во статијата редоследно. Ова одзема еден час за статија со нормалана големина. Откако статијата е поготвена го ставам А1 МАРКЕТИНГ и ја објавувам статијата. Дополнителни пола час се трошат и на разгласување на статиите по воените единици и партии.
Информации добивам од воените едници, партии, од изјави, интервјуа со домашни и странски играчи. Исто така се случува да добијам и од извори за А1 кои се платени. Има играчи кои сами пријавуваат вест за да биде објавена во весник, па таквите играчи доста помагаат.

Оној кој кажува што нечини, значи знае што чини, како ти ќе ја организираш оваа еДржава ме интересира за сите сектори ?
darko888 :Во мојот весник најчесто пишувам статии кои се поврзани со лаги, крадење, манипулации, скандали и така натаму. Никогаш не сум напишал што нечини директно освен од вакви причини, па затоа и не сум размислувам што би променил во сите сектори, но во ваква држава дефинитивно би ги елиминирал ваквите појави. Едно нешто мразам и мислам дека е многу погрешно да се моле и покајува на држави кои не сакаат мир и на најголемите противници. Па така за во иднина мислам дека се спрема МПП со Албанија за кој што јавно кажувам дека сум против тоа и мислам дека би бил подобар НАП со Грција отколку такво нешто, бидејќи како прво од Албанија нема да имаме придобивки туку само последици.

Кој е darko888 ?
darko888 😃arko888 e 17 години, гимназијалец, атеист, активист за заштита на животните, и има претензии да се запише на медицинскиот факултет.

Како го трошиш слободното време ?
darko888 :Најголем дел од слободното време го трошам со пријателите,исто така го трошам и на гледање на добар филм, читање на книги и на интернет сурфање од кое најчесто сум на Твитер.

Музика, филм, хоби ?
darko888 :Од музика слушам: поп, електронска, рап, рок, класична и така натаму освен единствено нешто што не слушам се народни и турбофолк песни. Омилени серии ми се Fringe, Supernatural, Doctor Who, Bing Bang Theory a од играните филмови неможам да оделам некој но категориски сакам филмови кои се комедија, мистерија, трилер и хорор. Хоби: Возење на велосипед.

Порака до читателите ?
darko888 :Читај А1 за нештата да станат појасни.

Сите интервјуа можете да ги погледнете тука.



Интервју со darko888
http://www.erepublik.com/en/article/-darko888-2323709/1/20