Претседателско обраќање - Како да ги преселите фирмите [CHIVAREGALSR]

Day 4,735, 04:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци,

Денеска после апдејтот ресурсите беа распределени кај сите држави. За да ги преселите фирмите, искористете ги токените кои ги собиравте од неделниот предизвик. За да го направите тоа, отидете во Мои компании и кликнете прво на копчето "Select all", а потоа на "unassign"



Со ова ќе ги "извадите" фирмите од моменталниот холдинг и тие ќе бидат слободни за селење. Селењето во новиот холдинг, откако ќе ги извадите од моменталниот, е бесплатно!

Следно, треба да отворите нов холдинг(доколку веќе немате). За да го направите тоа, преселете се во регионот каде што сакате да биде вашиот нов холдинг, отидете повторно во "Мои компании" и кликнете на "Create new holding"(точка 3) .
Откако ќе го направите холдингот, селектирајте ги фирмите и преселете ги во новиот холдинг бесплатно!

Фирмите за храна и оружје селете ги во Источна Македонија! - 100% бонуси
Фирмите за авиони селете ги во Западна Македонија! -100% бонуси


За неколку дена бонусите ќе бидат стабилизирани!





Доколку ви е потребна помош за селење на фирми ВО МАКЕДОНИЈА, напишете во коментар колку денари ви фалат. Не е битно државјанството, доколку имате намера да ги оставите фирмите во Македонија на подолг рок, тогаш побарајте пари во коментари!

Со оглед на тоа дека ќе би требало да имаме премногу фирми на страна, не знам дали буџетот ќе може да ги покрие сите, така да за почеток помошта се ограничува на 100 000 денари по човек! Во наредна статија ќе биде објавено на кого и колку помош му е испратено!

ПС! Инсталирајте телеграм(апликација која не ви го покажува бројот/ името) за дружба со останатите играчи, наредби, совети, помош и слично.

Линк до Телеграм каналот на еМакедонија
https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw

До следно читање
Претседател на еМакедонија,
Чивас