Претседателско обраќање - Крај на ресурсните војни[CHIVAREGALSR]

Day 4,734, 12:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добровечер Македонци,

Конечно дојде крајот на ресурсните војни, па така можеме да правиме планови за селење на фирмите. Одлучено беше следново:
-Источна Македонија да се даде на Литванија, со тоа ќе добиеме 100% бонуси за храна и 100% бонуси за оружје во тој регион! Данокот ќе се враќа месечно.
-Од Египет ќе биде изнајмуван ресурсот Неодиум(Neodymium) кој дава 30% бонуси за авионската индустрија(550к денари месечно), а од УАЕ кобалт(Cobalt) кој дава 25% бонуси за компаниите за авиони(5% од заработката месечно). Со овој потег, во Западна Македонија ќе имаме 100% бонуси за Авионските компании.

Сумирано:
Источна Македонија - 100% храна и оружје; Западна Македонија - 100% авиони.





Со оглед на тоа дека досега никогаш не сме имале целосни бонуси во било која индустрија, претпоставувам дека на повеќето фирмите ви се во страна. Градските бонуси нема да се најдобри, меѓутоа мислам дека во замена за неколку леба/авиони/тенкови дневно, многу е подобро данокот да иде во сопствен џеб, отколку во туѓ. Данокот може да се дебатира дали сакаме да остане 2% или да се намали/зголеми. Моја препорака да остане, меѓутоа слободно кажете го вашето мислење во коментари.

Од утре валидни се и токените за преселба, така да во коментар напишете кој колку фирми планира да пресели и колку токени има, за да се направи математика и да се делат државни пари за селење на фирмите.

Литванија слетува во Источна Македонија во Сабота наутро, така што од Сабота имаме 100% бонуси за храна и оружје во тој регион.
Напомена: Кога ќе порасне детерминацијата на Литванија, на нивно место ќе побараме да дојде друга земја со 100% бонуси за храна и тенкови, што значи дека бонусите ќе останат вакви на подолг период!

Со оглед на тоа дека ресурсите ќе бидат доделени утре сабајле, ќе пробаме законите за изнајмување да ги пуштиме што е можно побрзо, па во сабота да имаме и комплетни бонуси за авиони.

Вишокот ресурси кои што ги освоивме: Жито, Шалитра, Нафта, Риби и Песок, ќе бидат изнајмувани на нашите сојузници за одредена цифра месечно.
Шалитрата ќе биде изнајмена на Литванија за месечни 400к денари.

Како што беше најавено, утре можно е да има и нови авиони со квалитет q2,q3,q4,q5 итн.. Останува да видиме кога админите ќе ја воведат оваа промена.

Предлог: Доколку сакате да кренете нови фирми, почекајте Црн Петок(27 ноември) ќе имате попуст за сите фирми од 30-40%





Останува во коментари да напишете колку фирми планирате да преселите, колку токени имате и колку денари отприлика ви фалат за целосно да се преселите во назначените региони погоре, па во наредната статија да се даде извештај за одвоени и потрошени средства!


ПС! Инсталирајте телеграм(апликација која не ви го покажува бројот/ името) за дружба со останатите играчи, наредби, совети, помош и слично.

Линк до Телеграм каналот на еМакедонија
https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw

До следно читање
Претседател на еМакедонија,
Чивас