Претседателско обраќање - Ресурсни војни[CHIVAREGALSR]

Day 4,723, 07:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци,

После подолго време, редно е да се напише статија во која ќе се опфатат моменталната ситуација, дел од изминатите месеци и дел за претстојниот период!

Ќе почнам од минатиот период, да се надоврзам на претходните случувања. Последната статија е напишана пред точно 205 дена.

Во тој период уште траеше офанзивата на Астерија и Хидра кон КОД и Андес(понатаму КОД). Воедно, тие беа и меѓу последните напади со кои што се изврши целосно отстранување на КОД од мапата и се поставија возови во неколку непријателски држави(види подолу). КОД отиде во бојкот и од тогаш до денес на воен план нема за што многу да се зборува. На секаде на мапата се отворени тренинг војни, сите фармаат и се спремаат за еРепублик роденденот на 20ти Ноември..

Од друга страна, админите направија неколку промени во механиките на играта:
1)Ја отстранија можноста за поставување на возови(востание може да се крене иако има веќе напад во тој регион);
2) Селењето сега е екстремно скапо на големи растојанија(користете билети кога поддржувате востанија);
3)Вратија Комбат ордер после 2 години пауза.

На воен план, една алијанса- Андес се растури, при што Чиле и Боливија влегоа во КОД, Уругвај влезе во Пацифика а останатите земји(Мексико, Аргентина и Бразил) засега остануваат без сојуз и се неутрални.

Исто така се формираше нова алијанса - Аполо, која е про-Астерија ориентирана, а се состои од Украина, Парагвај, Молдавија и Колумбија. Поради проблеми со конгресот, Молдавија сеуште не е официјално дел од сојузот.




Со тоа доаѓаме до моменталната ситуација - Ресурсни војни!

-После пауза од 5 години, админите решија дека е време за промена на ресурсите, па беа напишани правилата:
-Секоја држава може да има највеќе 10 ресурси;
-Секој регион на една држава може да има највеќе 4 ресурси;
-Ретките и многу ретките ресурси имаат одредено растојание на кое можат да бидат поставени едни со друг - или во превод: ако комшијата земе редок ресурс, за тебе нема ништо.

Со тоа ги исполнуваме критериумите да се земат максимум(10) ресурси. По преговори со сојузниците беше одлучено Македонија да оди на Храна и Авио индустрија. Ресурсите се освојуваа со освојување на токени, кои се освојуваат со освоени 30 000 поени, кои се освојуваат со држење на ѕидот на ваша страна...

На кратко, после 10 дена калкулирање, саботирање, нервирање Македонија ги има следниве ресурси:




Или изразено во проценти:
-Храна 70%(4/5 ресурси)
-Оружје 45%(2/5 ресурси)
-Авиони 45%(3/5 ресурси)
-Куќи 10%(1/5 ресурс)





Со оглед на тоа дека не успеавме ниедна индустрија да ја земеме во 100%(без концесија), се разгледуваат неколку опции. Најверојатно ќе биде прифатена опцијата да се избрише Источна Македонија, при што таму ќе имаме 100% бонуси за храна и 100% бонуси за оружје. Останатите ресуси може да се изнајмуваат, а постои и опција ние да ги изнајмиме ресусите за Авио индустријата од Литванија, при што би имале 100% за авиони во Западна Македонија.

Битно е да се напомене дека огромни се шансите да имаме 100% храна и 100% оружје во Источна Македонија, со што би било добро сите да ги преселиме фирмите во овој регион, како би имале максимална корист од данокот.

Моментално неделниот предизвик е променет. Со освојување на престиж поени, освојувате и токени за селење. Токените се користат за селење на фирми без да плаќате, со тоа што 1 токен = 1 квалитет на фирма. Подетално:
За да преселите една q7 тенкара/лебара потребни ви се 7 токени, за да преселите една q3 тенкара/лебара/куќарка потребни ви се 3 токени, и така натака.
Битно: Сите фирми за РАВ материјали коштаат 1 токен, без разлика на квалитетот!

Според тоа, бркајте епици додека трае евентот и собирајте токени за преселба на фирмите. Планирано е да се одвојат државни средства како субвенции за селење на фирмите во нашите региони, меѓутоа за тоа ќе се зборува во наредната статија кога ќе имаме конечна слика на ресурсите и во другите држави. За сега е доволно да се напомене дека е пожелно сите да ги вратиме фирмите дома, бидејќи заштита на ресурсите ќе биде приоритет во наредниот период.

Исто така, админите најавија промени во индустријата за авиони. Можно е да се воведат нов квалитет на авиони q2,q3,q4,q5.. кои ќе бидат доста исплатливи за производство во почетокот.





За крај, кус осврт на тоа што се планира.
Засега на воен план е мирно, немаме закана од војна па периодов ќе се искористи за фармање на голд и припрема за Роденденот на еРепублик и попустите на Црниот петок.
На економски план, немаме никакви трошоци, освен враќање на даноците кај државите кои ги имаме окупирано поради тренинг војни.

Пред нас е период со многу евенти, можно е и КОД да прекине со бојкот па да живне малце играта. Останува да собираме ресурси за војната после роденденот и да одлучиме како и кои бонуси ќе ги имаме во оригиналните територии.

ПС! Инсталирајте телеграм(апликација која не ви го покажува бројот/ името) за дружба со останатите играчи, наредби, совети, помош и слично.

Линк до Телеграм каналот на еМакедонија
https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw

До следно читање
Претседател на еМакедонија,
Чивас