Македонска рамка за аватар [BucephalusIII]

Day 2,293, 03:44 Published in North Macedonia North Macedonia by BucephalusIII

Добро утро,ден и ноќ мој убав народе.

Се работи за унифицирање на аватарите преку некој мал детал кој ќе содржат за препознавање во битките. Ова не е прв пат да се апелира до сите на ваков начин, но што е тука е..

Како што и објаснив и образложив во претходната статија се потрудив заедно со помош на уште еден момак под името Werewolf MKD да дојдеме до решение но и уште еден поттик за останатите Македонски играчи.

За таа цел ќе ја искористиме старата рамка предложена одамна (не ми текнува во кој весник беше а се си мислам дека беше пласирана од Канопи) која изгледа вака -




***Појаснување - на местото на името "MTO" може по желба на играчот да стои било кое друго име на било која единица, со било кој фонт и боја.

Рамката заедно со слика би изгледала вака -



Секој кој е заинтересиран за употреба на оваа рамка односно креирање на нов аватар може да се обрати за услуга кај мојот пријател Werewolf MKD (кликнете на името) и по договор бесплатно да ве услужи..секако ваше е да ако сакате да го наградите за трудот.

Уште еднаш да нагласам, погледнете ги јужните кои во секоја битка барем еден еднаш да пукне помеѓу стотина играчи ќе се познае! А преку тоа лобираат на тој начин што ја презентираат бројноста во битките, дедека ние и да пукаме организирано било каде 20% дали од сите нас би се препознале како Македонци или Македонска војска!

Секое добро и бидете креативни за самите себе но и за СИТЕ НАС.