Патриоти разбудете се! [BucephalusIII]

Day 1,974, 13:03 Published in Chile North Macedonia by BucephalusIII

Добро утро, ден и вечер сакани и најубави мои!

Се логирам од време на време па се решив да ја разбијам монотонијава моја копајќи злато во туѓи бели дворови но борејќи се нормално за моите и Вашите интереси.

Она што на прв поглед ми паѓа во очи споредувајќи ги статиите во нашава држава и во Чиле е тоа што има огромна разлика во основната намена на пишувањето статии. Разликата е во тоа што кај нас веќе е реткост да се напише некое лично мислење кое ќе ги води помладите односно поновите играчи на добра насока и не завидлива од еден за друг - ова го зборам и за политички цели кои секогаш испливуваат на површина кога немаме тешки битки или не се случува ништо кај нас на воен план.

Политиката за мене е еден вид манипулација на граѓаните во одна еДржава која во играва нема начин да се искористи за доброто на истата еДржава (освен за оние помали еДржавички кои се во опасност од ПТО), а за жал ние во тој поглед сме најактивни - се активираме во дел од секундата штом една партија во која членуваме и "гори под нозете", а тоа го правиме дури и на нај подол начин, начин на кој нема граници и почит према оној од спротивниот табор користејќи најразлични омаловажувања, плукања па дури и пцуења...ИАКО замижуваат истите пред фактот дека целта за играњето на оваа игра е за сите...АМА БАШ ЗА СИТЕ една и единствена - прашајте се самите ќе го дознаете одговорот доколку сте вистински Македонски ПАТРИОТИ но не и националисти.

Сета оваа негативна политичка и завидлива енергија да ја насочевме во помагање на моменталната власт во решавањето на проблемите на пример актуелен проблем е информирањето на востаниците или доброволците прво како да се преселат од еден во друг град а потоа и како се поддржува едно востание и која е целта - истото важи и за дипломатски план, понашајќи се како вистински амбасадори на нашата земја со тоа што би помогнале на било каков начин за да покасно имаме образ и потреба да и ние некогаш ја побараме помошта за возврат.

Најискрено Ве молам, воздржете се од небитни политички работи барем на некој период додека не си се средиме во нашиот двор кој сега ни се наоѓа во ОАЕ,Иран и Саудиска Арабија - двор кој наликува на огромна империја КОЈА МОРА ДА ЈА ОДБРАНИМЕ и ништо друго да не ни е побитно.

За да ја постигнеме таа цел ГЛАСАЈТЕ ги статиите наменети за координација и информација не само од моменталната власт туку и од идните кои ќе дојдат исто како што ги гласате статиите за поделба за храна или оружје.

Секое добро! Македонија до Индија!

BucephalusIII

о>